Македонски Shqip English

"Homo sum, humani nihil a me alienum puto"

„Јас сум човек, ништо човечко не ми е туѓо“

Институтот за човекови права (ИЧП) е здружение на граѓани основано во Скопје, во 2009 година, со цел промовирање, унапредување и заштитата на човековите права и слободи преку континуирана едукација на професионалната јавност, анализа на состојбите, организирање на стручни дискусии во рамките на правната професија како и дискусии за општата јавност.

Проекти

Публикации

Правен дијалог

Стручното списание „Правен дијалог“ кое го издава Институтот за човекови права (ИЧП) овој пат е поддржано од програмата на Цивика Мобилитас. Првото издание на Правниот дијалог беше објавено на 20 Ноември 2010 година, а почнувајќи од 10то издание објавено во Јуни 2016 година, Правниот дијалог се објавува на квартално ниво.

Повик за објавување на статии во „Правен дијалог“

Институтот за човекови права (ИЧП) објавува повик за објавување на статии во стручното списание „Правен дијалог“ во рамките на Институционалниот грант, поддржан од програмата на Цивика Мобилитас. Краен рок за доставување на статиите е 01 декември 2017 година.

Институционален грант

СТУДИСКА ПОСЕТА ВО СТРАЗБУРГ

Членовите на Извршната канцеларија и Претседателката на Институтот за човекови права (ИЧП) успешно ја реализираа студиската посета во Стразбург, Франција во рамките на Институционалниот грант поддржан од програмата на Цивика Мобилитас...

Partners & Donors

Ciica Mobilitas European Union British Embassy Canadian Embassy Kingdom of Netherlandss