Македонски Shqip English

Заедничка заложба за подобри достигнувања во судството

Средба на 25.11.2019 година

На ден 25.11.2019 година беше одржана средба на Блупринт групата за реформи во правосудството, иницирана во рамки на активностите на  проектот ,,Заедничка заложба за подобри достигнувања во судството”. На состанокот се разговараа актуелни и значајни прашања за суштински реформи во судството, меѓу кои и т.н веттинг во судството, односно фокусот на успешност или проблеми при спроведување на механизмите за т.н. ветинг во судството, како и предизвиците со кои се соочува судската администрација. Препораките и заклучоците кои произлегоа од ваквиот состанок ја детектираа моменталната ситуација, односно предизвиците и ризиците со кои се соочува судството во моментот, а воедно истите се и показател во која насока да делува граѓанскиот сектор во иднина, се со цел соработка и подобрување на состојбите.
DSCN6335.JPG (5.89 MB)