Македонски Shqip English


              Screenshot_55.png (74 KB)

Период 01.01.2018 - 31.04.2021

Донатор: Европска Унија

Цел на проектот: 

Основна цел на Проектот Заедно во борба против корупција е да придонесе за подршка и подобрување на капацитетите на граѓанскиот сектор за остварување на нивната улога на“ watchdogs“или контролор на работата на државните органи со цел законито и транспатрентно извршување на функцијата и за спречување на ризиците од корупција и злоупотреба на службената должност.

Специфична цел 1: Да се ​​зголеми влијанието на новинарите, локалните здруженија на граѓани и медиумите во борбата против корупцијата, со посебен фокус на претставниците на етничките малцинства и на жените.

Специфична цел 2: Оваа цел е насочена кон континуирано следење на работата на Државното правобранителство во заштитата на државните средства и интереси, особено во административни и парнични постапки;

Специфична цел 3: Да се ​​подигне свеста за проблемите со корупцијата преку лесно достапни медиуми;

Главни резултати: 

Р1: Зајакнати капацитети на новинарите и граѓанските активисти, посебно претставниците на етничките малцинства во мониторирање и детектирање на корупција, како и известување за неа;

Р2: Подобрување на амбиентот во македонските национални телевизии за продукција и емитување на истражувачки стории;

Р3: Подобрена фактографска обработка на податоци кои покажуваат коруптивни практики на јавни функционери;

Р4: Зголемена продукција на истражувачки стории од страна на локални медиумски работници (новинари) во областа на (анти)корупцијата;

Р5: Зајакнати и препознатливи граѓански организации како кредибилни актери во процесите за борбата против корупцијата;

Р6: Подигната свест за коруптивни практики.

Целна група: 

Истражувачки новинари, граѓанските организации, Државно правобранителство, Јавно обвинителство, Јавни функционери, Судство, Влада, Државна комисија за спречување на корупција, Агенција за катастер, јавноста, Биро за јавни набавки, медиуми, Централен регистар.

Новости и објави

Заедно во борба против корупција

Повик за истражувачки стории

Заедно во борба против корупција

МАТНИ МИЛИОНСКИ ТЕНДЕРИ ЗА ВОДОВОДНА ОПРЕМА

Влатко СТОЈАНОВСКИ

Заедно во борба против корупција

ЕДНИ ФИРМИ ШИЈАТ, ДРУГИ KЕШИРААТ

автор: Александра Филиповска

Заедно во борба против корупција

Повик за истражувачки стории

Заедно во борба против корупција

Правен речник-поимник наменет за новинари