Македонски Shqip English

Акција за поголема транспарентност, отчетност и ефективност на Судскиот совет на РМ

Судскиот совет на Р.М. има важна улога во обезбедувањето на владеењето на правото во Македонија. Воспоставен е со закон како самостоен и независен орган со цел да се обезбеди и гарантира независноста на судството.

Повеќе

Заедно во борба против корупција

Основна цел на Проектот “Заедно во борба против корупција” е да придонесе за подршка и подобрување на капацитетите на граѓанскиот сектор за остварување на нивната улога на“ watchdogs“или контролор на работата на државните органи со цел законито и транспатрентно извршување на функцијата и за спречување на ризиците од корупција и злоупотреба на службената должност...

Повеќе

Проект за развој на микро-претпријатиja на жени во прекуграничната област

Проектот „Проект за развој на микро-претпријатиja на жени во прекуграничната област “ е финансиран од Делегацијата на ЕУ во Македонија во рамките на Прекуграничната програма Македонија - Албанија под Инструментот за претпристапна помош (ИПА II) за 2014 и 2015 година, и е спроведуван од страна на Институтот за човекови права(ИЧП), фондација Егалите и Центарот за компаративни и меѓународни студии како партнери, и Центарот за управување со промени (ЦУП) како носител на проектот. Проектот во целина се однесува на потенцијалните и постоечките жени претприемачи и ќе обезбеди неопходна поддршка за да ги зајакнат нивните деловни вештини и ќе обезбеди дополнителна техничка поддршка и помош на жените за да можат да ги развиваат и прошират микро и малите бизниси во прекуграничниот регион меѓу Полог на македонска и Елбасан на албанска страна.

Повеќе