Македонски Shqip English

За нас

Институтот за човекови права (ИЧП) е здружение на граѓани основано на 01.06.2009 година со цел промовирање, унапредување и заштитата на човековите права и слободи. Своите определби ИЧП ги остварува преку континуирана едукација на професионалната јавност, анализа на состојбите, организирање на стручни дискусии, адвокатура и застапување.

Мисија

Обезбедување, промовирање, унапредување и заштита на човековите права и слободи преку истражување, анализа, едукација, застапување и други начини на дејствување.

Визија

Институтот за човекови права - кредибилен и препознатлив чинител во дејстување во насока на целосно обезбедување, промовирање, унапредување и заштита на човековите права и слободи.

Уникатност

Симбиоза на знаење и искуство во областа на човековите права и слободи и ентузијазам во спроведување на визијата и мисијата.

Вредности

  • Еднаквост и недискриминација
  • Социјална кохезија
  • Транспарентност и отчетност
  • Професионалност
  • Демократски дијалог и управување

Стратешки приоритети и цели

Правосудство и човекови права

Зајакнување на довербата во правосудството

Правна сигурност

Зајакнување на правната сигурност

Намалување на повредите на човековите права и слободи од Европската конвенција за човекови права

Унапредување на заштитата на човековите права и слободи од Европската конвенција за човекови права

Слобода на изразување и здружување

Унапредување на слободата на изразување и здружување

Еднаквост и недискриминација

Еднаков третман за граѓаните на РМ - унапредување на еднаквоста, спречување и заштита од дискриминација

Уставниот суд гарант за заштитата на човековите права

Зајакната заштита на човековите права пред Уставниот суд на РМ

Борба против корупција

Придонес кон намалување на корупцијата во јавниот сектор

Право на здрава животна средина

Унапредување на правото на здрава животна средина

Институционален и организациски развој на Институтот за човекови права

Зајакнување на капацитетите, инвестиција и развој на човечкиот потенцијал на Институтот за човекови права

Организациска структура

Собрание на Институт за човекови права

Собранието е највисок орган на Институтот за човекови права и го сочинуваат сите членови.

Претседател на Институт за човекови права

Маргарита Цаца Николовска

Член (Судија на Уставниот суд во Босна и Херцеговина и поранешен судија на Европскиот суд за човекови права)

Управен одбор

Маргарита Цаца Николовска

Член (Судија на Уставниот суд во Босна и Херцеговина и поранешен судија на Европскиот суд за човекови права)

Агим Мифтари

Член (Судија во Врховен суд на Р.Македонија во пензија)

Вера Коцо

Член (Судија на Врховниот суд на РМ во пензија)

Вања Михајлова

Член (Поранешен член на Државна комисија за спречување на корупција)

Коста Петровски

Член (поранешен претседател на Здружение на јавни обвинители на РМ)

Игор Спировски

Член (адвокат, поранешен судија во Уставен суд на РМ)

Филип Медарски

Член (адвокат)

Маргарита Цаца Николовска

Родена 28 Ноември 1950 година.

Дипломирала на Правниот Факултет во Скопје 1975 година, а последователно работела како приправник во Регионалниот суд во Скопје.

Именувана за судија во Окружниот суд во Скопје во 1978 година. Судија во Регионалниот суд во Скопје од 1987, работејќи претежно на граѓански случаи (подоцна преименуван во Апелационен суд).

Судија во Врховен суд на Република Македонија од 1997 до 1998 (работи на управни случаи, но и на граѓански и кривични случаи).

Избрана за судија во Европскиот суд за човекови права, Стразбур, Франција од страна на Собранието на Република Македонија за периодот од 1998-2001 година. Реизбрана за судија во истиот суд за период од шест години.

Член во професионални здруженија

Член на основачкиот одбор за основање на Македонското Здружение на судии

Член на Македонското Здружение на судии од 1993

Член на Управниот одбор на Македонското Здружение на судии од 1993

Претседател на комитетот за меѓународни односи на Македонското Здружение на судии

Тренер и предавач на многу национални и меѓунарони семинари и работилници

Претставник на Македонското Здружение на судии во Европското и Меѓународното Здружение на судии (1995-2006)

Претседател на Комисијата за парламентарни избори 1994

Активен член на Македонскиот комитет за Меѓународна заштита на децата до 1998

Јазици- Англиски, Француски, Српски, Хрватски, Бугарски, Грчки и Руски

Почести Избрана за жена на годината од Американскиот биографски институт од Ралеи, САД

Агим Мифтари

Роден на 25.10.1944 година во село Видуше-гостиварско.
Во 1971 година дипломирал на Правниот факултет во Скопје.

Правосудниот испит го положил во 1974 година, кога е избран за судија во Општинскиот суд Скопје I Скопје, каде работел како судија во кривичниот оддел.
Во 1982 година е избран за судија во Окружниот суд во Скопје.
Од 1987 до 1992 година бил заменик на Претседателот на Окружниот суд во Скопје. Во периодот од 1992 до 1995 година ја вршел должноста на Претседател на Окружниот суд во Скопје. Во судот работел исклучиво на предмети од кривичната материја.
Во 1995 година е избран за судија на Врховниот суд на Република Македонија, во кривичниот оддел.

Еден од иницијаторите за формирање на Здружението на судиите на Република Македонија. Член е на Управниот одбор на Здружението од неговото формирање во 1993 година.
Во периодот од 1993 до 1998 година бил потпретседател на Здружението на судиите. Во 1998 година е избран за претседател на Здружението, а во 2002 година е реизбран на истата функција. Член е на Одборот на Центарот за континуирана едукација при Здружението на судиите. Едукатор е во реализацијата на програмите за едукација на Здружението на судиите и Центарот за континуирана едукација, како и предавач од областа на кривичното право на повеќе одржани семинари.
Има објавено повеќе написи во “Судиска ревија” од кривичната област.
Бил член во повеќе состави на комисиите кои работеле на изготвување на новите текстови на Кривичниот законик и на Законот за кривичната постапка.

Избран е за судија во постојаниот Арбитражен суд во Хаг-Холандија, како претставник на Република Македонија од 2002 година
Во 1984 година е одликуван со Орден на трудот со сребрен венец.

Вера Коцо

Родена: 1943 година

Образование: дипломиран правник, со диплома од Правниот факултет при Универзитето „Кирил и Методиј’ во Скопје – правосуднa насока

Судиска кариера: Судија во Основниот суд Скопје II Скопје – сега Основен суд Скопје II Скопје од 1978 година (граѓанскиот оддел)

Судија во Апелациониот суд Скопје од 1988 година (граѓанскиот оддел)

Судија во Врховниот суд на Република Македонија од 2002 година

(граѓански и управен оддел)

Во пензија од месец ноември 2007 година

Професионални ангажмани:

Член на Здружението на судиите на Република Македонија (ЗСРМ)

Член на Управниот одбор на ЗСРМ

Претседател на Одборот на Центарот за континуирана едукација при ЗСРМ

После пензионирање едукатор во Академијата за обука на судии и јавни обвинители на Република Македонија

Јазици: македонски- мајчин, српски, хрватски, како и познавање на англискиот јазик

Работа со комјутер: Microsoft Office, Internet Explorer

Вања Михајлова

Завршен Правен Факултет при Универзитетот во Скопје, положен правосуден испит во 1989 година.
Во 1993 година, ја заврши Академијата за американско и меѓународно право при Методистичкиот Универзитет во Далас – Тексас – САД. Во 1995 година, именована од страна на Владата за помошник министер и раководител на секторот за меѓународни финансии. дговорна за соработка и водење на преговори во име на Владата со меѓународните финансиски институции како што се: Светска банка, ММФ, ЕБОР, ЕИБ, Банката за развој при Советот на Европа и други, како и со билатералните кредитори.

Македонски претставник во Административниот совет на Банката за развој при Советот на Европа во Париз ( од 1997-2000 );

Шеф на македонската делегација при Комитетот за експерти за евалуација на мерките за спречување на перење пари при Советот на Европа и член на експертскиот тим на Советот на Европа ( од 1997-2000 ). Во 2002 година, именована од страна на Собранието на РМ за член на Комисијата за спречување на корупција(до 2007 );

Од 2007 година, работи како правен советник за прашањата од добро владеење и корупција.

Објавени публикации во бројни домашни и меѓународни списанија, меѓу кои и во: European Financial Service Law,” ”Journal of Money Laundering Control”; IDLI”- Институт за меѓународно право во Рим, “Contemporary International Law Issues” при Меѓународниот правен институт во Хаг и други.

Жарко Хаџи-Зафиров

Игор Спировски

Во моментов работи како правен експерт и адвокат, кој главно ги претставува случаите пред Европскиот суд за човекови права. Тој е поранешен судија на Уставниот суд на Република Македонија од 2003 до 2012 година.

Покрај тоа, тој е овластен тренер за прашања од Европската Унија, врз основа на диплома од Институтот за европска политика во Берлин, 2002 година. Правното искуство го стекнал како приправник и стручен соработник во Асоцијалниот суд за труд на Македонија (1983/84) ; работел како помлад стручен соработник, стручен соработник и виш експерт во Уставниот суд на Македонија (1984/86); Советник и виш советник на Уставниот суд на Македонија (1987-1992); Секретар на Собранието на Република Македонија (1992-1997); Советник во Уставниот суд на Република Македонија (1997/2001); и генерален секретар на Уставниот суд на Република Македонија (2001-2003).

Тој е заменик член на Европската комисија за демократија преку  Советот на Европа (Венецијанска комисија) - 1998; член на Меѓународната асоцијација за уставно право (од 1994-1999 член на Советот на здружението); член на Здружението за уставно право на Македонија (1994-1999 и 2001 година - член на претседателството); член на проектот Ригас, Центар за европско уставно право во Атина, Грција; ко-основач на Здружението "Македонски правен ресурсен центар" и член на извршниот одбор (здружението се занимава со презентација на законски информации - закони, судски одлуки итн.); ко-основач и член на здружението "Македонски центар за европско образование"; поранешен член на Здружението на генерални секретари на парламенти во светот и Комитетот за законодавни специјалисти на Меѓународната асоцијација за политички науки.

Автор е на бројни научни и стручни трудови објавени или презентирани во земјата и странство во областа на уставното право, особено парламентаризмот, уставното судство, јавната администрација и човековите права (објавени во САД, Франција, Германија, Мексико, Македонија, Грција, Полска, Шпанија)

Коста Петровски

Роден е на 16.11.1947 во Скопје. Дипломирал на Правниот Факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје во 1971 година. Правосудниот испит го положил во 1973 година. Првите почетоци на кариерата ги почнал како стручен соработник во Окружниот Суд Скопје(од 1971-1975 година), потоа е избран за Заменик Јавен Обвинител во Основното Обвинителство во Скопје (1978-1985), избран за Заменик Окружен  Јавен Обвинител, Скопје (1985-1989),  избран за Јавен Обвинител на Јавното Обвинителство Скопје (1989-1997), избран за Заменик Виш Јавен Обвинител (1997-2002) ,избран за Заменик Јавен Обвинител на РМ (2002-2008), избран за член на Советот на Јавни Обвинители на РМ (2008-2012) ,претседател на Здружението на јавни обвинители на РМ (1999-2004). 

Истотака е бил член на Управен Одбор на Здружението на Јавни Обвинители на РМ (1999-2005),

член во Комисија при Министерството за правда за реформи во правосудниот систем и подготовка на закони во кривичната и обвинителската област, раководител на проекти од организиран криминал и Твининг проекти за организиран криминал со Италија – финансирани од ЕУ, член на Советодавниот одбор на Институтот за човекови права (2013-во тек).

Како други професионални дејности има објавено публикации во областа на организиран криминал и трговија со луѓе и презентирање на многубројни материјали за време на семинарите и истотака учествувал во својство на експерт и предавач во голем број дебати, семинари и конференции од областа на криминалот и јавнообвинителската област. 

Како јазици мајчин јазик е македонскиот јазик а како други јазици англиски, српски-хрватски-босански-црногоски, бугарски јазик.

Советодавен одбор

Маргарита Цаца Николовска

Член (Судија на Уставниот суд во Босна и Херцеговина и поранешен судија на Европскиот суд за човекови права)

Афим Мифтари

Член (Судија во Врховен суд на Р.Македонија во пензија)

Вера Коцо

Член (Судија на Врховниот суд на РМ во пензија)

Вања Михајлова

Член (Поранешен член на Државна комисија за спречување на корупција)

Мерсел Биљали

Член (Универзитетски професор )

Милојка Калкашлиева

Член (Судија на Врховен суд на Р. Македонија во пензија)

Константин Хаџи Лега

Член (Судија на Врховен суд на Р. Македонија во пензија)

Ирена Цуцулоска

Член (Помлад соработник во Бирото за застапување на РМ пред ЕСЧП)

Саше Димовски

Член ( Новинар)
Македонско здружение на млади правници

Жарко Хаџи Зафиров

Член (Адвокат)

Татијана Темелкоска

Член (Национален офицер за владеење на правото Мисија на ОБСЕ во Скопје и поранешен извршен директор на Академијата за судии и јавни обвинители)

Славица Димитриевска

Член (државен советник кај Народнот правобранител на РМ)

Маргарита Цаца Николовска

Родена 28 Ноември 1950 година.

Дипломирала на Правниот Факултет во Скопје 1975 година, а последователно работела како приправник во Регионалниот суд во Скопје.

Именувана за судија во Окружниот суд во Скопје во 1978 година. Судија во Регионалниот суд во Скопје од 1987, работејќи претежно на граѓански случаи (подоцна преименуван во Апелационен суд).

Судија во Врховен суд на Република Македонија од 1997 до 1998 (работи на управни случаи, но и на граѓански и кривични случаи).

Избрана за судија во Европскиот суд за човекови права, Стразбур, Франција од страна на Собранието на Република Македонија за периодот од 1998-2001 година. Реизбрана за судија во истиот суд за период од шест години.

Член во професионални здруженија

Член на основачкиот одбор за основање на Македонското Здружение на судии

Член на Македонското Здружение на судии од 1993

Член на Управниот одбор на Македонското Здружение на судии од 1993

Претседател на комитетот за меѓународни односи на Македонското Здружение на судии

Тренер и предавач на многу национални и меѓунарони семинари и работилници

Претставник на Македонското Здружение на судии во Европското и Меѓународното Здружение на судии (1995-2006)

Претседател на Комисијата за парламентарни избори 1994

Активен член на Македонскиот комитет за Меѓународна заштита на децата до 1998

Јазици- Англиски, Француски, Српски, Хрватски, Бугарски, Грчки и Руски

Почести Избрана за жена на годината од Американскиот биографски институт од Ралеи, САД

Агим Мифтари

Роден на 25.10.1944 година во село Видуше-гостиварско.
Во 1971 година дипломирал на Правниот факултет во Скопје.

Правосудниот испит го положил во 1974 година, кога е избран за судија во Општинскиот суд Скопје I Скопје, каде работел како судија во кривичниот оддел.
Во 1982 година е избран за судија во Окружниот суд во Скопје.
Од 1987 до 1992 година бил заменик на Претседателот на Окружниот суд во Скопје. Во периодот од 1992 до 1995 година ја вршел должноста на Претседател на Окружниот суд во Скопје. Во судот работел исклучиво на предмети од кривичната материја.
Во 1995 година е избран за судија на Врховниот суд на Република Македонија, во кривичниот оддел.

Еден од иницијаторите за формирање на Здружението на судиите на Република Македонија. Член е на Управниот одбор на Здружението од неговото формирање во 1993 година.
Во периодот од 1993 до 1998 година бил потпретседател на Здружението на судиите. Во 1998 година е избран за претседател на Здружението, а во 2002 година е реизбран на истата функција. Член е на Одборот на Центарот за континуирана едукација при Здружението на судиите. Едукатор е во реализацијата на програмите за едукација на Здружението на судиите и Центарот за континуирана едукација, како и предавач од областа на кривичното право на повеќе одржани семинари.
Има објавено повеќе написи во “Судиска ревија” од кривичната област.
Бил член во повеќе состави на комисиите кои работеле на изготвување на новите текстови на Кривичниот законик и на Законот за кривичната постапка.

Избран е за судија во постојаниот Арбитражен суд во Хаг-Холандија, како претставник на Република Македонија од 2002 година
Во 1984 година е одликуван со Орден на трудот со сребрен венец.

Вера Коцо

Родена: 1943 година

Образование: дипломиран правник, со диплома од Правниот факултет при Универзитето „Кирил и Методиј’ во Скопје – правосуднa насока

Судиска кариера: Судија во Основниот суд Скопје II Скопје – сега Основен суд Скопје II Скопје од 1978 година (граѓанскиот оддел)

Судија во Апелациониот суд Скопје од 1988 година (граѓанскиот оддел)

Судија во Врховниот суд на Република Македонија од 2002 година

(граѓански и управен оддел)

Во пензија од месец ноември 2007 година

Професионални ангажмани:

Член на Здружението на судиите на Република Македонија (ЗСРМ)

Член на Управниот одбор на ЗСРМ

Претседател на Одборот на Центарот за континуирана едукација при ЗСРМ

После пензионирање едукатор во Академијата за обука на судии и јавни обвинители на Република Македонија

Јазици: македонски- мајчин, српски, хрватски, како и познавање на англискиот јазик

Работа со комјутер: Microsoft Office, Internet Explorer

Вања Михајлова

Завршен Правен Факултет при Универзитетот во Скопје, положен правосуден испит во 1989 година.
Во 1993 година, ја заврши Академијата за американско и меѓународно право при Методистичкиот Универзитет во Далас – Тексас – САД. Во 1995 година, именована од страна на Владата за помошник министер и раководител на секторот за меѓународни финансии. дговорна за соработка и водење на преговори во име на Владата со меѓународните финансиски институции како што се: Светска банка, ММФ, ЕБОР, ЕИБ, Банката за развој при Советот на Европа и други, како и со билатералните кредитори.

Македонски претставник во Административниот совет на Банката за развој при Советот на Европа во Париз ( од 1997-2000 );

Шеф на македонската делегација при Комитетот за експерти за евалуација на мерките за спречување на перење пари при Советот на Европа и член на експертскиот тим на Советот на Европа ( од 1997-2000 ). Во 2002 година, именована од страна на Собранието на РМ за член на Комисијата за спречување на корупција(до 2007 );

Од 2007 година, работи како правен советник за прашањата од добро владеење и корупција.

Објавени публикации во бројни домашни и меѓународни списанија, меѓу кои и во: European Financial Service Law,” ”Journal of Money Laundering Control”; IDLI”- Институт за меѓународно право во Рим, “Contemporary International Law Issues” при Меѓународниот правен институт во Хаг и други.

Мерсел Биљали

Мерсел Биљали е роден на 20.02.1956 година во село Чегране, Гостиварско. Основно и средно образование заврши во Гостивар. Дипломирал на Правен факултет во Приштина (1979). Една година подоцна се запишува на постдипломски студии во Институтот за меѓународно право и меѓународни односи во Загреб и ги положи сите предвидени испити. Магистрирал во Скопје. Докторирал во Скопје во 2007 година во темата „Пристап на Република Македонија до морето“.

Започнал како наставник во средното економско училиште во Гостивар, потоа како новинар во Македонската Радио Телевизија, пратеник во Собранието на РМ (1994-2002), претседател на Комисијата за политички систем во Собранието на РМ, член на Комисијата за надворешна политика и за уставни прашања, пратеник во Парламентарното собрание на ОБСЕ (1996-1998), прв советник на Претседателот на РМ за надворешна политика (на Б.Трајковски), прв советник за надворешна политика на премиерот на РМ(на В.Бучковски), координатор во канцеларијата на народниот правобранител на РМ (Омбудсманот на РМ), предавач на ФОН Универзитетот и истотака е автор на повеќе написи и анализи во неколку странски публикации.

 

Извршна канцеларија

Јелена Кадриќ
Извршна директорка
e-mail: jelena.kadric@ihr.org.mk
Кратка биографија

Јелена Кадриќ е дипломиран правник со положен правосуден испит. Таа е со најдолго работно искуство во Институтот за човекови права.

Нејзините главни задолженија се спроведување на програмата на ИЧП, спроведување на одлуките на Управниот одбор, го води финансиското работење на Институтот и сл.

Нејзиното претходно работно искуство се состои од: раководител – координатор на стручно програмски работи во Здружението на судии на РМ и раководител на одделението за управување со човечки ресурси во Академијата за обукa на судии и јавни обвинители на Република Македонија.

Кадриќ се одликува со големи организаторски особини и комуникациски способности.

Маја Стојаноска
Проектен координатор и правен истражувач
e-mail: maja.stojanoska@ihr.org.mk
Кратка биографија

Маја Стојаноска дипломирала на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје во 2009 година, а во 2012 станала магистер по меѓународно право и меѓународни односи на истиот факултет. Била дел од Швајцарската програма за мобилност на Циришкиот Универзитет и во моментов ја подготвува магистерската теза на Економскиот факултет на Универзитетот во Љубљана.

Таа е долгогодишен граѓански активист и правен истражувач, и од 2012 година е дел од Институтот за човекови права. Нејзините истражувачки интереси вклучуваат палета од теми од областа на човековите права и слободи, владеењето на правото во Македонија и правото на Европска унија.

Има искуство во реализација на голем број на проекти, истражувања и анализи и е автор, ко-автор и уредник на неколку публикации.

Кристина Дода
Проектен координатор и правен истражувач
e-mail: kristina.doda@ihr.org.mk
Кратка биографија

Кристина Дода е програмски координатор и истражувач во Институтот за човекови права.

Магистрирала човекови права и демократија на Универзитетот во Сараево и Универзитетот во Болоња. Магистрирала меѓународно право и меѓународни односи на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје и дипломирала на Правниот факултет при Универзитетот на Југоисточна Европа во кој период реализирала студиска размена на Правниот факултет во Загреб, Хрватска. Има завршено Дипломатска академија во Будимпешта, тренинг програма за европски студии и истражување. Во текот на нејзините студии учествувала на повеќе меѓународни студиски посети и семинари и учествувала во регионални иницијативи за човекови права.

Нејзин главен интерес се човековите права, со акцент на правата на маргинализираните и ранливите групи, женски права, владеење на правото и независност на судство.

Весна Стефановска
Проектен соработник
e-mail: vesna.stefanovska@ihr.org.mk
Кратка биографија

Весна Стефановска дипломирала на ЈИЕ Универзитет во 2009 година, а во 2012 се стекнала со титула Магистер по граѓанско право на Правниот факултет “Јустинијан Први” и Магистер по меѓународно право на ЈИЕ Универзитет. Во 2016 година ја одбранила докторската дисертација на англиски јазик како прв Доктор на науки (од областа на меѓународно право) на ЈИЕ Универзитет според новата програма на докторски студии од три години.

За времетраење на докторските студии, но и потоа има остварено повеќе истражувачки посети и учествувано на бројни конференции и обуки. Нејзиниот фокус на истражување се човековите права, ЕКЧП како и праксата на Европскиот суд за човекови права. Досега има објавено дваесетина научни трудови и статии во меѓународни и домашни списанија од областа на човековите права. Во Институтот за човекови права работи како проектен координатор на проектот „Зедно во борба против корупција”.

Мартин Сопронов
Проектен офицер
e-mail: martin.sopronov@ihr.org.mk
Кратка биографија

Мартин Сопронов има завршено додипломски студии на Правниот факултет „Јустинијан I“ во Скопје, насока правни студии во 2011 година. Во 2015 година завршил постдипломски студии по Меѓународно финансово право на истиот факултет. За време на магистерските студии, работел во Бирото за судски вештачења при Министреството за правда на РСМ, а потоа во невладиниот сектор во Македонија. Во период од септември 2016 до февруари 2017 бил дел Европскиот суд за човекови права во Стразбур како практикант (асистент на македонската судија). Во Институтот за човекови права работи од 2018 година на проектот за Развој на микро-претпријатија на жени во прекугранична област финансиран од Европската унија и прокетот Заштита од дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет поддржан од Германската амбасада во Скопје.

Тамара Доневска
Односи со јавност
e-mail: tamara.donevska@ihr.org.mk
Кратка биографија

Тамара Доневска е дипломиран правник, насока правни студии, при Правен Факултет „Јустинијан Први“ Скопје и студент на постдипломски студии по деловно право при Универзитет Американ Колеџ Скопје. Во текот на студентските денови таа има посетувано летна школа за италијански јазик на Универзитетот за странци Данте Алигиери, Академија за маркетинг и ПР и има волонтирано на разни настани од јавен карактер. Има работно искуство како адвокатски приправник.

Како дел од Институтот за човекови права работи на односи со јавноста, дигитален маркетинг и маркетинг стратегија на Институтот и тековните проекти.

Неда Петковска
Проектен соработник
e-mail: neda.petkovska@ihr.org.mk
Кратка биографија

Неда Петковска има завршено додипломски студии на Филозофскиот факултет во Скопје, насока Родови студии, во 2013 година. Во 2015 година завршила постдипломски студии по Компаративна и постколонијална книжевност на Универзитетот во Болоња и во 2016 година завршила постдипломски студии по Родови студии на Централно европскиот универзитет во Будимпешта. По завршувањето работела во невладиниот сектор во Хрватска, а потоа во јавниот сектор на ЕУ при Институтот за родова еднаквост во Литванија. Kраток период има работено во Фондацијата Фридрих Еберт во Скопје на проекти за социјална правда и еднаквост. Во Институтот за човекови права работи од 2019 година на проектот за Заштита од дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет поддржан од Германската амбасада во Скопје и на проектот за Заеднички заложби против корупција финансиран од Европската Унија.

Илина Вељановска
Проектен соработник
e-mail: ilina.veljanovska@ihr.mk
Кратка биографија

Илина Вељановска, дипломиран правник при Правен факултет “Јустинијан Први” во Скопје и граѓански активист со долгогодишно искуство во невладиниот сектор.

Покрај задолжителните пракси во рамки на студирањето и проектите во склоп на граѓанските организации, од 2012-та година своето практично искуство од областа на правните науки започнува да го стекнува во Адвокатско друштво, а во Мај 2015-та година се приклучува на тимот на невладина организација која својот фокус го насочува кон мониторинг на судски постапки од областа на организиран криминал. Од 2017та година се стекнува со улогата на проектен координатор во Lions Clubs International Foundation, во рамки на својот матичен клуб и ја зема првата награда за иновативна бизнис идеја со инкорпориран социјален модел во рамки на Social Impact Award Macedonia. Подоцна се вклучува во семејството на Social Impact Award Macedonia во улога на фацилитатор и ментор. Свој допринос има и како ментор во граѓанската организација ,,Стела” чиј фокус е ставен на женско претприемништво.

Своето досегашно работно искуство, квалификации и капацитет да работи со луѓе со различна социјална и културна позадина, притоа имајќи познавање од осумте главни области на дејствување (образование и обука, вработување и претприемништво, здравје и благосостојба, учество, волонтерски активности, социјална вклученост, млади и светот и креативност и култура) , ги користи како би се посветила во целост на изнаоѓање решенија за трајни општествени промени.