news-bg

Новости

Проект:
ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА, БУЛИНГ И ГОВОР НА ОМРАЗА

Завршна конференција во рамки на проектот „Заштита од дискриминација, булинг и говор на омраза“

На 10.05.2022 година се одржа завршната конференција во рамки на проектот „Заштита од дискриминација, булинг и говор на омраза“, финансиски и стратешки поддржан од Германската амбасада во Скопје, а спроведен од Институтот за човекови права во Скопје.

Во воведните обраќања свои излагања имаа Маргарита Цаца Николовска (претседателка на Институтот за човекови права), која ги презентираше активностите кои беа реализирани за време на проектот и правната рамка во областите на дискриминација, булинг и говор на омраза, и генерално покрена дискусија за моменталната состојба со дискриминацијата, говорот на омраза и булингот помеѓу учениците, но и помеѓу самите наставници и општата јавност, и Лулзим Алиу (Заменик министер за образование и наука), кој ја изрази позицијата и посветеноста на Министерството за промовирање и заштита на правата на децата во образовните институции.

Во првиот панел се обратија Ристо Карајков (автор на Анализа од спроведена анкета помеѓу учениците и наставниците од средните училишта во град Скопје на тема дискриминација, булинг и говор на омраза), Гордана Блажевска Спиридонова (психолог во СУГС Гимназија Никола Карев Скопје) и Деспина Стојанoвска (психолог, системски и семеен психотерапевт). Во овој дел беа презентирани резултатите од анкетата помеѓу средношколците и наставниците, предизвиците со справување со говорот на омраза и булингот во средните училишта, и ефектите од булингот и говорот на омраза.

Во вториот панел се обратија Елена Михајлова Стратилати (професор на Правен факултет, член на ECRI - Европска комисија против расизам и нетолеранција) и Кире Василев (претседател на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација). Тие ги презентираа говорот на омраза како форма на дискриминација, предизвиците со кои се соочува КСЗД при практична примена на Закон за спречување и заштита од дискриминација. За крај, Кристина Дода (програмски менаџер во ИЧП) даде осврт на заклучоците и препораките кои произлегоа од самата конференција.

project-img project-img project-img project-img project-img project-img project-img project-img project-img project-img project-img project-img project-img project-img project-img project-img project-img