Период на реализација: 22.12.2018 - 21.06.2021
Буџет на проектот: 189,633.84 ЕУР
Партнери: Институт за човекови права
Центар за правни истражувања и анализи
Соработници: Здружение на судии
Здружение на судска администрација
Донатор: Сектор за Централно финансирање и склучување на договори при Министерството за финансии и Британската амбасада во Скопје
Цел на проектот:
Заеднички да се придонесе кон зголемување на влијанието на граѓанските организации во судските реформи преку заедничко вклучување на граѓанските организации и професионалните здруженија во оценувањето на работењето на правниот сектор, како и ефективна соработка со сите заинтересирани страни во судството.
Специфична цел 1: Зголемување на заедничката заложба и активно учество во насока на подобри резултати во судството.
Специфична цел 2: Зајакнување на соработката и капацитетот на судските професионалци за поефективно, отчетно и транспарентно судството.
Специфична цел 3 : Подигнување на свеста за достигнувањата на судството со цел да се зголеми довербата во судството.
Активности на проектoт :
Активност 1. Настан за отпочнување и промоција на проектот;
Активност 2. Развој на методологијата за следење и оценување на достигнувањата во судството заедно со професионалните здруженија;
Активност 3. Формирање Советодавна работна група од членовите на професионалните здруженија и граѓанските организации кои работат во областа на судството, за континуирано следење на достигнувањата, предлагајќи соодветни препораки и насоки за навремени политики;
Активност 4. Организирање на пет работилници за одговорност, ефективност и транспарентност во судството со учество на мешани групи на судии и судска администрација на раководни позиции, портпароли на судови и соработници во адвокатските канцеларии;
Активност 5. Развој на "Заедничкиот протокол за унифицирана имплементација на судските реформи и ефикасност во судството" и негова испорака во сите судови;
Активност 6. Подготовка на 3 видеа во врска со напредокот во судството во различни аспекти;
Активност 7. Подготовка на документ за политики со препораки ориентирана кон акција за транспарентено, одговорно и ефективено правосудство
Активност 8. Завршна јавна дебата
Резултати на проектот:
Р.1. Зголемена заедничка заложба на професионалните здруженија на судии и судска администрација и здруженијата на граѓани во областа на судството и во судските реформи;
Р.2. Подобро судско работење преку партиципативен пристап;
Р.3. Подобрување на ефикасноста, одговорноста и транспарентноста на судството;
Р.4. Подигнување на свеста, последователно, поголема доверба во судството.
Целна група: Здружение на судии, Здружение на судска администрација, судска администрација кој се наоѓа на раководни позиции во сите 4 апелациони судови, сите судии, граѓанските организации кои работат во областа на правосудството, Судски совет, Судскиот буџетски совет, Министерството за правда, соработниците во адвокатски канцеларии.
Крајни корисници: сите граѓани на нашата земја.
Резимето на проектот може да го најдете тука.
Курсот-онлајн работилницата е поделена на 7 модули а на крајот, ќе можете да се стекнете со соодветен сертификат.
На 1ви и 2ри октомври 2020 година се одржа четвртата Работилница за одговорност, ефективност и транспарентност во судството, во рамките на проектот „Заедничка заложба за подобри достигнувања во судството“ наменета за судии и судска администрација од Скопското апелационо подрачје, која е всушност прва од двете наменета за учесници од ова подрачје.
Во текот на дводневниот настан присутните судии и судската администрација имаа шанса да ги споделат своите искуства од секојдневната пракса на судовите...