
Институтот за човекови права го разгледа текстот на Предлогот за измена и дополнување на Законот
Институтот за човекови права (ИЧП) е здружение на граѓани основано во Скопје, во 2009 година, со цел промовирање, унапредување и заштитата на човековите права и слободи преку континуирана едукација на професионалната јавност, анализа на состојбите, организирање на стручни дискусии во рамките на правната професија како и дискусии за општата јавност.
Зголемување на влијанието на граѓанските организации во процесот на реформи во правосудството како предуслов за заштита на човековите права и обезбедување социјална правда.
Целта на проектот е да се зголеми транспарентноста на Советот на јавни обвинители кон јавноста и да се подобри ефикасноста и отчетноста на институцијата преку давање на препораки.
Подобрување на пристапот до правдата за сите, особено за ранливите и маргинализирани групи граѓани во Северна Македонија.
Целта на овој проект е следење на имплементацијата на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси (Антикорупциска стратегија) преку исполнување на мерките на Владата на Република Северна Македонија и иницијативите кои се составен дел на планот на Владата во борбата против корупцијата насловен како „Акција 21”.
Зачлени се за тековни известувања
Стручното списание „Правен дијалог” се издава со цел развивање, унапредување и размена на правната мисла помеѓу теоретичарите и практичарите од областа на правото и човековите права. Оттаму произлегува и називот на списанието кое алудира на развивање на дијалог, и изразување на различни ставови и гледишта по однос на теми кои ги засегаат човековите права и владеење на правото.
Првото издание на Правен дијалог беше објавено на 20 Ноември 2010 година.
Списанието излегува два пати во годината со објавување на трудови кои се очекува да имаат влијание врз разрешување на дилеми во однос на правни и теоретски прашања кои опфаќаат теми поврзани со човековите права и владеењето на правото.