Македонски Shqip English

Заедно во борба против корупција

Известување за прес-конференција за Првиот извештај за работата на Државното правобранителство

Институтот за човекови права, СКУП Македонија и Медиум ќе одржат Прес-конференција за Првиот мониторинг извештај за работата на Државното правобранителство на РМ  на 20 декември 2018 година(четврток) во ЕУ Инфо Центар, со почеток од 11 часот. 

Државното правобранителство на РМ, на кое со закон му е дадена функција да биде адвокат на државата, има мандат да се грижи за владеењето на правото преку спречување злоупотреба на државниот имот и правна заштита на имотните права и интереси на Република Македонија.

Извештајот е изготвен во рамките на проектот „Заедно во борба против корупција“ поддржан од Европската Унија и воедно претставува прво надворешно следење на работата на овој орган од аспект на транспарентност, отчетност и ефективност.