projects-bg

Тековни проекти

МЛАДИНСКИ АКТИВИЗАМ ЗА ИНКЛУЗИВНО ОПШТЕСТВО

Грант во рамките на проектот „Поддршка од ЕУ за градење доверба на Западен Балкан“, финансиран од Европската унија (ЕУ) и спроведуван од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП)

Времетраење: од 1.12.2023 до 30.11.2024

Целта на проектот е да се подигне свеста и да се ангажираат младите во развивање на дијалог за промовирање на мултиетничко општество за сите. Оваа цел ќе биде постигната преку вклучување на учениците во развивање на мултиетнички дијалог и подигање на свеста за почитување и напредување на различните идентитетски обележја на заедниците со цел креирање на едно мултиетничко општество.


Во рамките на проектот ќе се реализираат следниве активности:

  • Организирање на четири трибини (multiethnictalks) со ученици од избрани средни училишта каде наставата се одвива на македонски, албански, турски и ромски јазик.
  • Одржување на четири работилници за презентирање на културните и јазичните обележја на етничките заедници.
  • Online кампања на социјалните медиуми преку подготовка на блог постови од страна на ученици на теми поврзани со креирање на едно мултиетничко општество, негување и унапредување на мултикултурата.
  • Подготовка на извештај за состојбите врз основа на претходно реализираните проектни активности со заклучоци и препораки за подобрување на меѓуетничкиот дијалог и потенцирање на улогата на младите со цел креирање на едно мултиетничко општество.


Очекувани резултати од имплементација на проектот:

  • Покрената јавна дебата за воспоставување на мултиетнички дијалог помеѓу учениците;
  • Зголемено разбирање и ангажман на младите за запознавање на различните културни и јазични обележја на другите етнички заедници;
  • Добиени квантитативни и квалитативни сознанија за меѓусебното познавање на културните, образовни и јазични карактеристики.
project-img project-img
news-bg

Новости

post-img

Трибина на тема „Инклузивно образование“ во СОУ „Перо Наков“ - Куманово

Повеќе
post-img

Трибина на тема „Инклузивно образование“ во ОСМУ „Никола Штејн“ - Тетово

Повеќе
post-img

Покана за доставување понуди за набавка за изнајмување на простор за реализација на една работилница со средношколци 6/2024

Покана за доставување понуди за набавка за изнајмување на простор за реализација на една работилница во Куманово

Повеќе
post-img

Покана за доставување понуди за набавка за изнајмување на простор за реализација на една работилница со средношколци 5/2024

Покана за доставување понуди за набавка за изнајмување на простор за реализација на една работилница во Тетово

Повеќе
post-img

Покана за доставување понуди за набавка за изнајмување на простор за реализација на две работилници со средношколци 4/2024

Покана за доставување понуди за набавка за изнајмување на простор за реализација на две работилници во Скопје

Повеќе
post-img

Трибина на тема „Инклузивно образование“ во СМУГС „Д-р. Панче Караѓозов“ - Скопје

Повеќе
post-img

Конкурс: Младински активизам преку креативност (СОУ „Перо Наков“ - Куманово)

Повеќе
post-img

Конкурс: Младински активизам преку креативност (СМУГС „Д-р. Панче Караѓозов“ - Скопје)

Повеќе
post-img

Конкурс: Младински активизам преку креативност (СУГС „Димитар Влахов“ - Скопје)

Повеќе
post-img

Конкурс: Младински активизам преку креативност (ОСМУ „Никола Штејн“ – Тетово)

Повеќе
post-img

Трибина на тема „Инклузивно образование“ во СУГС „Димитар Влахов“

Повеќе
post-img

Покана за доставување понуди за набавка на услуги за консекутивен и писмен превод 3/2024

Повеќе
post-img

Покана за доставување на понуди за ангажирање на фасилитатори 2/2024

Повеќе
post-img

Покана за доставување на понуди за печатење на промотивни материјали 1/2024

Повеќе