Македонското здружение на млади правници (МЗМП) го спроведува проектот во партнерство со Институтот за човекови права (ИЧП), Институт за европска политика (ЕПИ), Центар за правни истражувања и анализи (ЦПИА), Коалиција „Сите за правично судење“ (КСПС) и Хелсиншкиот Комитет за човекови права на Република Северна Македонија (ХКЧП).
Донатор: Фондацијата Отворено општество - Македонија
Времетраење: од 01.01.2023 до 30.06.2024 година
Генерална цел на проектот е зголемување на влијанието на граѓанските организации во процесот на реформи во правосудството како предуслов за заштита на човековите права и обезбедување социјална правда.
Активности:
- Следење и оценка на процесот за изработка и содржината на Стратегијата за реформи во правосудството 2023 – 2027, придонес кон изработување методологија за следење на спроведување на Стратегијата и следење на спроведувањето на Стратегијата и публикување на наодите;
- Работни состаноци за координација и соработка со тематски мрежи и платформи, како и со граѓански организации со цел идентификување на специфични проблеми и предизвици и планирање заеднички активности за застапување;
- Учество во работни групи за изработка на закони и други прописи кои произлегуваат или се предвидени во стратешките документи во областа на правосудството;
- Следење на актуелните состојби во правосудството;
- Спроведување Watchdog активности, изложување на негативните состојби и обезбедување заложби од клучните чинители за нивно надминување;
- Спроведување активности за скрининг процес поврзани со кластерот 'Основи' (Fundamentals) / Поглавјето 23;
- Изработка на работен документ за идентификување на празнини во домашното законодавство, политики и практики како и проблемите и тешкотиите со кои државата може да се соочи во понатамошниот процес на усогласување во поглед на Поглавјето 23;
- Завршна конференција за презентирање на наодите.
www.blueprint.org.mk
Блупринт групата за реформи во правосудството е неформална мрежа на граѓански организации кои во изминатите години работат и делуваат во областа на правосудството. Блупринт групата преку досегашното следење на Стратегијата за реформи во правосудството (2017-2022) истакна релевантна и професионална експертиза во проценка на квалитетот на предложените мерки и политики во областа на правосудството и се позиционираше како клучен чинител од граѓанскиот сектор кој учествува во реформите во овој сектор.
Блупринт групата останува посветена на овие процеси и со своето искуство и со својата експертиза ќе продолжи да придонесува за целосно, квалитетно, транспарентно и инклузивно спроведување на реформите во правосудниот систем, со цел воспоставување на принципот на владеење на правото, враќање на довербата на граѓаните во судството и успешни евроинтеграции.
Претходни проекти:
- За ПРАВДА – Граѓански придонес за унапредување на правосудството (мај 2022 – декември 2022)
- За ПРАВДА – Следење на спроведувањето на Стратегијата за реформи во правосудството 2021 (април 2021 – јануари 2022)
- ЗА ПРАВДА – Следење на спроведувањето на Стратегијата за реформи во правосудството 2020-2021 (мај 2020 – февруари 2021)
- ЗА ПРАВДА – Следење на спроведувањето на Стратегијата за реформи во правосудството 2019 – 2020 (јули 2019 – март 2020)
- ЗА ПРАВДА – Заедничка акција за следење на судските реформи и застапување за нивно спроведување (јули 2018 година – јули 2019 година)