projects-bg

Реализирани проекти

„Преглед нa правните лекови во Македонија низ призмата на ефективна заштита на правата и слободите на граѓаните“

1 октомври 2010 - 31 мај 2011

Институтот за човекови права, земајќи го во предвид недостатокот на меѓуинституционална соработка помеѓу правните практичари кои што работат на различни правни полиња, воспостави процес на отворени консултации помеѓу правните практичари во земјата.

Институтот за човекови права изработи анализа „Преглед на правните лекови во Република Македонија низ призмата на ефективна заштита на правата и слободите на граѓаните“ (тука) во која беа анализирани проблемите и беа идентификувани празнините во поглед на ефикасноста на домашните правни лекови во насока на остварување на одредени права и слободи од страна на граѓаните.

Сето ова е со цел да се осигура дека домашните правни лекови се ефективни во правото и практиката и дека тие можат да резултираат со одлуки за основаноста на жалбите и соодветен надоместок за секоја утврдена повреда, во согласност со Препораката REC (2004) 6 на Советот на Европа.

Активности

1. Фаза на проценка – Идентификација на недостатоците во поглед на правните лекови.

2. Фаза на имплементација – Воспоставување на процес на консултации

Формирање на 3 форуми за дискусија и собирање на податоци;

Истражување, драфтирање и објавување на “Legal Analysis Report”;

Изработка на анализа „Преглед на правните лекови во Република Македонија низ призмата на ефективна заштита на правата и слободите на граѓаните“.

Организирање на финална прес-конференција (со цел да се информира јавноста за заклучоците и препораките);

Создавање на “follow up стратегија”.

Проектот бешe финансиран од страна на Амбасадата на САД во СкопјеВкупен буџет на проектот: 12.000 $

news-bg

Новости