news-bg

Новости

Проект:
ЗА ПРАВДА – СЛЕДЕЊЕ НА СПРОВЕДУВАЊЕТО НА СТРАТЕГИЈАТА ЗА РЕФОРМИ ВО ПРАВОСУДСТВОТО 2019 – 2020

Aнализа на квалитетот на реформите кои се однесуваат на избор, избор во повисок суд и разрешување на судиите

BP A2020 FK MKD.pdfСо оглед на тоа дека Блупринт групата е дел од Советот за следење на имплементацијата на Стратегијата во правосудството 2017 – 2022, кој претставува советодавно тело на Министерството за правда и има свои претставници во работните групи за закони од областа на правосудството, оваа анализа претставува документ за искажување на стручните и аналитички мислења на Блупринт групата за реформи во правосудството, придонес при надгледувањето и евалуацијата на реформите и обид за влијаење во насока на зголемување на квалитетот на реформите.

Примарна истражувачка цел на ваквата анализа е да се идентификува и анализира дали и во колкава мерка новите законски решенија придонесуваат за зајакнување на независноста, непристрасноста, квалитетот и одговорноста на вршителите на судската власт, а дополнително да ги идентификува и анализира проблемите и предизвиците кои се имаат појавено, а кои можат да претставуваат пречка за владеењето на правото. Констатираните состојби во анализата се основа за интервенција во области од кои се очекуваат видливи резултати, а содржи критички осврт на направените измени и нивната практична примена во областа на судиската функција и со тоа на суштината на реформите од кои зависи обезбедувањето и заштитата на фундаменталните човекови слободи и права и правниот систем во целина.

Оваа анализа e изготвена во рамките на продолжувањето на заедничката акција за следење на реформите во правосудството на Блупринт групата со наслов „За правда – Следење на спроведувањето на Стратегијата за реформи во правосудството 2019 – 2020“ која се реализира со поддршка на Фондацијата Отворено општество – Македонија.

Анализа на квалитетот на реформите кои се однесуваат на избор, избор во повисок суд и разрешување на судиите

Аnalizë e cilësisë së reformave që kanë të bëjnë me zgjedhjen, zgjedhjen në gjykatë më të lartë dhe shkarkimin e gjykatësve

Аnalysis on the quality of the reforms regarding appointment, appointment in higher courts and dismissal of judges