news-bg

Новости

Проект:

Меѓународниот ден на жената 2023

Денес го обележуваме Меѓународниот ден на жената кој претставува потсетник за храброста и борбата на жените за нивните политички, социјални и политички права низ годините. На овој ден не само што ги прославуваме достигнувањата на жените на локално и глобално ниво, туку и се потсетуваме на борбата за родова еднаквост која сè уште е пред нас.

Погледнете го новиот блог на нашата Платформа за човекови права, насловен „Меѓународниот ден на жената и неговата еволуција низ историјата“, и документарниот филм „Еднакви“ на Институтот за човекови права од 2018 година кој ја обележува борбата за родова еманципација на нашите борки Роза Плавева и Наќие Бајрам.




project-img