news-bg

Новости

Проект:
ПРИСТАП ДО ПРАВДА ЗА СИТЕ

Настан: „Граѓанскиот сектор - двигател за заштита на човековите права и владеењето на правото“

Настанот имаше за цел да го одбележи 15-годишното постоење на Институтот за човекови права, а воедно и да поттикне разговор за улогата на здруженијата на граѓани во промовирање, унапредување и заштита на човековите права и слободи. Беа презентирани целите и приоритетите за идните напори на организацијата за застапување на човековите права притоа охрабрувајќи ги присутните да споделат можни идеи за соработка за унапредување на човековите права и владеењето на правото во различни области.

Говорници на настанот беа  г-ѓа. Весна Дамева-Претседателка на Судскиот совет,  г-ѓа. Наташа Габер Дамјановска-Директорка на Академијата за судии и јавни обвинители, г-ѓа Александра Цветановска-Претседателка на МЗМП, г-ѓа. Маргарита Цаца Николовска-Претседателка на ИЧП, како и членовите на управниот одбор г-ѓа Вера Коцо-поранешна судијка, г-ѓа Вања Михајлова-поранешен член на ДКСК, г-ѓа. Јелена Кадриќ -Извршна директорка на ИЧП, г. Игор Спировски-поранешен уставен судија и претставничка од Делегацијата на ЕУ во Скопје.

На настанот учествуваа претставници од правосудството, амбасадите, меѓународните организации и од граѓанскиот сектор.

На настанот се дискутираше за влијанието на програмите за застапување на граѓанските организации, како истите можат да бидат моќна алатка за унапредување на правата особено на маргинализираните групи, истовремено истакнувајќи ја важноста на интерсекцискиот пристап во застапувањето и креирањето политики. Дополнително, беа разгледани релевантни предизвици во меѓународното и домашното право за човекови права, како и предизвиците во спроведувањето  и механизмите за одговорност за прекршувања на човековите права.

project-img project-img project-img project-img project-img project-img project-img project-img project-img