news-bg

Новости

Проект:

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА ПРОГРАМСКИ МЕНАЏЕР НА ОПРЕДЕЛЕНО ВРЕМЕ

Институтот за човекови права за потребите на спроведување на своите активности објавува оглас за позицијата програмски менаџер на определено време (замена на вработена која е на породилно отсуство).

Работните задачи и одговорности на програмскиот менаџер/ка-правник/чка:

  • професионално, навремено, совесно и одговорно спроведување на проектните активности со цел постигнување на предвидените резултати (анализа и подготовка на правни документи,
  • организирање состаноци од помал и поголем обем, јавни настани, кампањи, поддршка на правни професионалци во работа на индивидуални случаи во постапки пред институциите, истражување на правни проблеми/прашања, изработка на извештаи за спроведените активности, постигнатите цели и сл.);
  • секојдневна посветена соработка со останатите членови на проектниот тим и со сите членови на управните и извршните органи на ИЧП;
  • извршување на други задачи во согласност со потребите на ИЧП.

Потребни квалификации

  • Завршен Правен факултет (300 ЕКТС кредити или завршено VII/1 ниво високо образование на правни студии);
  • Работно искуство од најмалку 8 години со работа во невладини и/или меѓународни организации со посебно познавање на ЕУ проекти од областа на човековите права и/или судството;
  • Одлично познавање на пишан и говорен англиски јазик;
  • Уредност, темелност и подготвеност за тимска работа;
  • Организациски и комуникациски вештини;
  • Флексибилност за тимска работа во динамична средина, работа во и надвор од канцеларија, подготвеност за комуницирање со различни целни групи и со високо ниво на толеранција и разбирање на различностите;
  • Положен правосуден испит ќе се смета за предност.

 

Постапка за пријавување и избор

Сите заинтересирани се повикуваат да достават CV – кратка биографија на македонски или англиски јазик и мотивациско писмо во електронска форма на ihr@ihr.org.mk најдоцна до 27.02.2023 година до 14:00 часот, со наслов: ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ на определено време.

Постапка за избор на кандидат/ка:

Комисијата за избор на кандидат/ка ќе ги разгледа примените апликации. Ненавремени и нецелосни апликации нема да бидат земени предвид. Нај квалификуваните кандидати/ки ќе бидат повикани на интервју најдоцна до 28.02.2023. Врз основа на резултатите од спроведеното интервју ќе биде избран кандидатот.

Со избраниот кандидат/ка ќе се склучи договор за вработување на определено време од 8 месеци, односно до враќање на вработената од породилно отсуство. Работното време ќе изнесува 32 часа неделно, од понеделник до четврток од 10:00 до 16:30 часот.

Работното место е во седиштето на Институтот за човекови права на ул. „Партизански одреди“ бр. 23/1-5, Скопје.

project-img