Проектот има за цел да ја запознае пошироката јавност со работата на Судскиот совет на РМ и да ја зголеми отчетноста и транспатентноста на Судскиот совет на Р.М. врз основа на аргументи, преку информирање на јавноста.
Судскиот совет на Р.М. има важна улога во обезбедувањето на владеењето на правото во Македонија.
Воспоставен е со закон како самостоен и независен орган со цел да се обезбеди и гарантира независноста на судството. Во голем број меѓународни извештаи за земјата изнесени се сериозни критики за независноста на судството и необезбедување на владеење на правото. Институтот за човекови права (ИЧП) преку редовни „набљудувачки“ активности на судството во последните четири години идентификуваше одредби во регулативата и практиката кои ја поткопуваат независноста и непристрасноста на македонското судство за што допринесува и недоволната транспарентност во работењето на Судскиот совет на Р.М.
Проектот ќе:
Судски совет на Р.М; судиите и судската администрација; правните практичари и експерти и сите граѓани во Република Македонија.
Проектот „Зголемен јавен надзор врз работата на Судскиот совет на РМ“ е поддржан од Британска Амбасада Скопје.
Претставките и поплаките против работењето на судиите и претседателите на судови, граѓаните од сега ќе можат да ги поднесат во Судскиот совет на РМ наместо како до сега до Советот за утврдување на факти кој престана да постои...
Видео од третиот мониторинг извештај за период од мај до јули 2017 за работата на ССРМ и Советот за утврдување на факти. Видеото е изработено во рамките на проектот „Зголемен јавен надзор врз работата на Судскиот совет на РМ и Советот за утврдување на факти“...
Погледнете го видеото кое дава краток преглед на работата на Судскиот совет и Советот за факти за периодот од ноември 2016 година до април 2017 година...
На 3 јули 2017 година Судскиот совет го усвои Годишниот извештај за работа на ССРМ за 2016 година...
Видеото за работењето на Судскиот совет на Република Македонија е подготвено во рамки на проектот „Зголемен јавен надзор врз работата на Судскиот совет на РМ“ реализиран од Институтот за човекови права, со поддршка од Британската амбасада во Скопје...
Ова е првиот мониторинг извештај во рамките на проектот, кој го опфаќа периодот од ноември 2016 до јануари 2017 година. Мониторинг извештајот за транспарентноста, отчетноста и ефикасноста на Судскиот совет на РМ и Советот за утврдување на факти и покренување на постапка за утврдување одговорност на судија е подготвен врз основа на Мониторинг матрицата со утврдени индикатори...
Оваа методологија на мониторинг е подготвена во рамките на проектот „Зголемен јавен надзор врз работата на Судскиот совет на РМ“ реализиран од Институтот за човекови права со поддршка на Британската амбасада во Скопје. Проектот има за цел да ја зголеми заинтересираноста на граѓаните за улогата на Судскиот совет на Република Македонија (ССРМ) и од друга страна да ја зголеми отчетноста на Судскиот совет...
Институтот за човекови права објавува оглас за изработка на видео материјал за работата на Судскиот совет на РМ...
Анализава на работењето на Судскиот совет на Република Македонија е подготвена во рамки на проектот „Зголемен јавен надзор врз работата на Судскиот совет на РМ“ реализиран од Институтот за човекови права, со поддршка од Британската амбасада во Скопје. Анализава дава преглед на актуелната состојба во однос на работењето на Судскиот совет на РМ (во натамошниот текст ССРМ). Правото на граѓанинот да му суди независен и непристрасен судија претставува основен постулат на судската власт. Независноста и непристрасноста се вредности на судската власт гарантирани со Уставот на РМ, со законите во РМ и со меѓународните документи ратификувани од РМ...
Институтот за човекови права изготви мобилна апликација за следење на работата на Судскиот совет. Апликацијата може да ја преземете бесплатно на Play Google и на Apple Store под името „Sudski sovet pod lupa“. Тука ќе ги најдете сите тековни информации и извештаите изработени во рамките на проектот за работата на Судскиот совет на РМ...