projects-bg

Тековни проекти

Заедничка заложба за подобри достигнувања во судството

Период на реализација22.12.2018 - 21.06.2021

Буџет на проектот: 189,633.84 ЕУР

Партнери:    Институт за човекови права

                     Центар за правни истражувања и анализи                                       

Соработници:      Здружение на судии

                             Здружение на судска администрација 

Донатор: Сектор за Централно финансирање и склучување на договори при Министерството за финансии и Британската амбасада во Скопје

Цел на проектот:

Заеднички да се придонесе кон зголемување на влијанието на граѓанските организации во судските реформи преку заедничко вклучување на граѓанските организации и професионалните здруженија во оценувањето на работењето на правниот сектор, како и ефективна соработка со сите заинтересирани страни во судството.

Специфична цел 1: Зголемување на заедничката заложба и активно учество во насока на подобри резултати во судството.

Специфична цел 2: Зајакнување на соработката и капацитетот на судските професионалци за поефективно, отчетно и транспарентно судството.

Специфична цел 3 : Подигнување на свеста за достигнувањата на судството со цел да се зголеми довербата во судството. 

Активности на проектoт :

Активност 1. Настан за отпочнување и промоција на проектот;

Активност 2. Развој на методологијата за следење и оценување на достигнувањата во судството заедно со професионалните здруженија;

Активност 3. Формирање Советодавна работна група од членовите на професионалните здруженија и граѓанските организации кои работат во областа на судството, за континуирано следење на достигнувањата, предлагајќи соодветни препораки и насоки за навремени политики;

Активност 4. Организирање на пет работилници за одговорност, ефективност и транспарентност во судството со учество на мешани групи на судии и судска администрација на раководни позиции, портпароли на судови и соработници во адвокатските канцеларии;

Активност 5. Развој на "Заедничкиот протокол за унифицирана имплементација на судските реформи и ефикасност во судството" и негова испорака во сите судови;

Активност 6. Подготовка на 3 видеа во врска со напредокот во судството во различни аспекти;

Активност 7. Подготовка на документ за политики со препораки ориентирана кон акција за транспарентено, одговорно и ефективено правосудство

Активност 8. Завршна јавна дебата

Резултати на проектот:

Р.1. Зголемена заедничка заложба на професионалните здруженија на судии и судска администрација и здруженијата на граѓани во областа на судството и во судските реформи;

Р.2. Подобро судско работење преку партиципативен пристап;

Р.3. Подобрување на ефикасноста, одговорноста и транспарентноста на судството;

Р.4. Подигнување на свеста, последователно, поголема доверба во судството.

Целна група: Здружение на судии, Здружение на судска администрација, судска администрација кој се наоѓа на раководни позиции во сите 4 апелациони судови, сите судии, граѓанските организации кои работат во областа на правосудството, Судски совет, Судскиот буџетски совет, Министерството за правда, соработниците во адвокатски канцеларии. 

Крајни корисници: сите граѓани на нашата земја.

 Резимето на проектот може да го најдете тука.

project-img project-img project-img
news-bg

Новости

post-img

Курс за одговорност, ефикасност и транспарентност на судството

Курсот-онлајн работилницата е поделена на 7 модули а на крајот, ќе можете да се стекнете со соодветен сертификат.

Повеќе
post-img
post-img

ПЕТТА РАБОТИЛНИЦА ЗА ОДГОВОРНОСТ, ЕФЕКТИВНОСТ И ТРАНСПАРЕНТНОСТ ВО СУДСТВОТО

Повеќе
post-img

ЗАЕДНИЧКИ ПРОТОКОЛ ЗА УНИФИЦИРАНО СПРОВЕДУВАЊЕ И РАБОТЕЊЕ ВО СЕКТОРОТ ,,ПРАВДА“

Повеќе
post-img

ВИДЕО: СУДСКИОТ СЛУЖБЕНИК ВО СЛУЖБА НА ГРАЃАНИНОТ

Повеќе
post-img

ПОСТЕР: ЗАЕДНИЧКА ЗАЛОЖБА ЗА ПОДОБРИ ДОСТИГНУВАЊА ВО СУДСТВОТО

Повеќе
post-img

Судскиот службеник во служба на граѓанинот

Повеќе
post-img

Шеста средба на Советодавната работна група

Повеќе
post-img

Петта средба на Советодавната работна група

Повеќе
post-img
post-img

ЧЕТВРТА РАБОТИЛНИЦА ЗА ОДГОВОРНОСТ, ЕФЕКТИВНОСТ И ТРАНСПАРЕНТНОСТ ВО СУДСТВОТО

На 1ви и 2ри октомври 2020 година се одржа четвртата Работилница за одговорност, ефективност и транспарентност во судството, во рамките на проектот „Заедничка заложба за подобри достигнувања во судството“ наменета за судии и судска администрација од Скопското апелационо подрачје, која е всушност прва од двете наменета за учесници од ова подрачје.

Во текот на дводневниот настан присутните судии и судската администрација имаа шанса да ги споделат своите искуства од секојдневната пракса на судовите...

Повеќе
post-img

ЗАПИСНИК - ТРЕТАТА СРЕДБА НА СОВЕТОДАВНАТА РАБОТНА ГРУПА

Повеќе
post-img

ОДРЖАН ТРЕТ СОСТАНОК НА СОВЕТОДАВНАТА РАБОТНА ГРУПА

Повеќе
post-img

Трета работилница за одговорност, ефективност и транспарентност во судството

Повеќе
post-img

ВИДЕО: Истражување за работата на судската администрација

Повеќе
post-img

Методологија за следење на промените во законодавството и нивно влијание во судството

Повеќе
post-img

Одржан втор состанок на Советодавната работна група - 25.11.2019 година.

Повеќе
post-img

Записник - втората средба на Советодавната работна група

Повеќе
post-img

Испитување на јавното мислење во однос на перцепцијата на граѓаните во поглед на ефикасноста и ефективноста на судската администрација

Повеќе
post-img

Втора работилница за одговорност, ефективност и транспарентност во судството - Извештај

Повеќе
post-img

Втора работилница за одговорност, ефективност и транспарентност во судството

Повеќе
post-img

Прва работилница за одговорност, ефективност и транспарентност во судството - Извештај

Повеќе
post-img

Прва работилница за одговорност, ефективност и транспарентност во судството

Повеќе
post-img

Одржан првиот состанок на Советодавната работна група

Повеќе
post-img

Конференција „Заедничка заложба за подобри достигнувања во судството“

Повеќе
post-img

Покана за конференција “Заедничка заложба за подобри достигнувања во судството”

Повеќе
post-img

Покана за доставување на понуди - правни експерти обучувачи за одржување на пет работилници за одговорност, ефективност и транспарентност во судството

Повеќе
post-img

Покана за доставување на понуди - правни експерти за изготвување на истражувачки труд за практична испорака на услуги во судската администрација

Повеќе
post-img

Почетниот настан за одбележување на ИПА 2014 Грантова шема „Зајакнување на влијанието на граѓанското општество за ефективни реформи во правниот сектор“

Повеќе
post-img

Одржана е иницијална средба на партнерските организации со организациите соработници

Повеќе