projects-bg

Тековни проекти

ЗАЕДНО ДО ПОКВАЛИТЕТНО ЛОКАЛНО НОВИНАРСТВО

Донатор: Европска Унија

Времетраењеод 03.01.2023 до 03.01.2025


Овој проект го спроведува Центарот за развој на медиумите на заедниците "МЕДИУМ" во партнерство со Институтот за човекови права.

 

Општа цел

Зајакнување на капацитетот и промовирање на професионалните стандарди на локалните новинари.

Специфични цели:

  1. Да се зајакнат капацитетите на локалните новинари, особено од етничките малцинства, да практикуваат истражувачко новинарство, дигитална и медиумска писменост, како и стандардите за човекови права во нивната работа;
  2. Да се зајакнат капацитетите на студентите по новинарство за професионален развој и креативно изразување во медиумите;
  3. Да се подобри влијанието и соработката помеѓу локалните граѓански организации и локалните медиуми за промовирање на правата на новинарите, поттикнување на борбата и реагирањето на сите форми на насилство против  новинарите, промовирање на професионалните стандарди и слобода на говорот. 

Предвидени активности:

  1. Фокус групи и проценка на потребите за решавање на специфични развојни потреби и слабости на локалните медиуми;
  2. Подготовка на квантитативен и квалитативен методолошки пристап за добивање податоци и спроведување на истражување на актуелната ситуација со локалните медиуми и нивните предизвици;
  3. Развој на функционалната анализа, објавување и дисеминација на извештајот;
  4. Развој на Водич за пристап заснован на човекови права во медиумската работа;
  5. Обука за медиумските работници според слабите точки на дејствување каде што е потребна експертиза, споделување на знаењето и добрите практики – професионални стандарди, стандарди за човековите права при известувањето, права на интелектуална сопственост, работнички права и друго;
  6. Практикантска работа за студентите во локалните медиуми;
  7. Менторска поддршка од страна на медиумите за студентите по новинарство;
  8. Регрантирање - Акции спроведени од локалните граѓански организации за промоција на важноста на новинарската професија;
  9. Поддршка за имплементацијата на најмалку 4 локални новинарски иницијативи/кампањи.

Целни групи:

  • Локалните медиуми од проектните општини;
  • Сопствениците;
  • Уредниците;
  • Новинарите и медиумските работници;
  • Граѓански организации;
  • Студенти по новинарство.
project-img project-img project-img project-img
news-bg

Новости

post-img

НОВИНАРСКО ПРАКТИКАНТСТВО ВО ЛОКАЛНИ МЕДИУМИ – АНГАЖИРАЊЕ НА МЛАДИ НОВИНАРИ-ПОЧЕТНИЦИ

Повеќе
post-img

ПРИЈАВА ЗА ЛОКАЛНИ МЕДИУМИ – НОВИНАРСКО ПРАКТИКАНТСТВО ВО ЛОКАЛНИ МЕДИУМИ

Повеќе
post-img

Обука за примена на пристапот заснован на човекови права во медиумското работење

Повеќе
post-img

Повик за избор на новинари за учество на обука на тема примена на пристапот заснован на човекови права во медиумското работење

Повеќе
post-img

ВОДИЧ ЗА ПРИМЕНА НА ПРИСТАПОТ ЗАСНОВАН НА ЧОВЕКОВИ ПРАВА ВО МЕДИУМСКАТА РАБОТА

Повеќе
post-img

Повик за новинари за учество на обука за медиумско известување и истражувачко новинарство

Повеќе
post-img

БАРАЊЕ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА УСЛУГА – ХОТЕЛСКО СМЕСТУВАЊЕ, УГОСТИТЕЛСКИ УСЛУГИ И ИЗНАЈМУВАЊЕ НА РАБОТНА ПРОСТОРИЈА/САЛА ЗА ТРИ ДВОДНЕВНИ ОБУКИ

Повеќе
post-img

Актуелна состојба, специфични развојни потреби и ранливост на локалните медиуми, со посебен осврт на западниот регион на Република Северна Македонија

Извештај

Повеќе
post-img

Повик за ангажирање на експерти за изработка на водич за примена на ПЗЧП во медиумската работа 1/2023

Повеќе