Институтот за човекови права и Центарот за управување со промени (ЦУП) во соработка со Фондацијата „Егалите“ од Камењане и Центарот за компаративни и меѓународни студии од Тирана, на 10 јуни одржа обука за жени претприемачи со цел развој на микро – претпријатија во регионот Елбасан, Албанија. Оваа обука, трета по ред, беше на тема „Инспекции и Контроли“ во рамките на правно - економскиот сервис за поддршка на жени преприемачи.
Обуката опфати теоретски и практичен дел.