news-bg

Новости

Проект:
ЗАЕДНИЧКА ЗАЛОЖБА ЗА ПОДОБРИ ДОСТИГНУВАЊА ВО СУДСТВОТО

Покана за доставување на понуди - правни експерти за изготвување на истражувачки труд за практична испорака на услуги во судската администрација

За потребите на проектот „Заедничка заложба за подобри достигнувања во судството” финансиран од ЕУ преку Секторот за централно финансирање и склучување договори, при Министерството за финансии (во понатамошниот текст: ЦФСД), во рамки на ИПА II програмата, врз основа на Договорот за грант меѓу ЦФСД и ИЧП, бр. 12-6204/1 од 21.12.2018 година (во понатамошниот текст: Договор за грант), проектниот тим на Институтот за човекови права испраќа: 

 ПОКАНА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПОНУДИ 08/2019

за набавка на услуги - ангажирање на

ПРАВНИ ЕКСПЕРТИ ЗА ИЗГОТВУВАЊЕ НА ИСТРАЖУВАЧКИ ТРУД ЗА ПРАКТИЧНА ИСПОРАКА НА УСЛУГИ ВО СУДСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА

 

Доколку сте заинтересирани Ве повикуваме да доставите понуда во согласност со Повикот 08/2019. 

Во прилог на овој маил Ви испраќам:

- Покана за доставување понуди 08/2019

Проектна задача ТOR 08/2019

Крајниот рок за доставување на понудите е до 7.5.2019 година на маилот maja.stojanoska@ihr.org.mk - Маја Стојаноска, проектен менаџер. Деталите се образложени во поканата за понуда.

За сите дополнителни појаснувања може да се обратите на е-маил адреса  maja.stojanoska@ihr.org.mk  најдоцна до 3.5.2019 година до 12:00 часот.