news-bg

Новости

Проект:
ЗГОЛЕМЕНА ТРАНСПАРЕНТНОСТ И ОТЧЕТНОСТ НА СОВЕТОТ НА ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ

Документ за јавни политики: Транспарентност, отчетност и ефективност на Советот на јавни обвинители на Република Северна Македонија

Овој документ е подготвен во рамки на проектот „Зголемена транспарентност и отчетност на Советот на јавни обвинители“, финансиски поддржан од Француската амбасада во Скопје, а спроведен од Институтот за човекови права. Документот нуди преглед на законската рамка за транспарентност, отчетност и ефективност на Советот на јавни обвинители на Република Северна Македонија, преку анализа на Законот за Совет на јавни обвинители и Законот за јавно обвинителство.

Документот за јавни политики се базира на претходно спроведени активности, како што се: континуирано следење на седниците на Советот на јавни обвинители; организирана работилница со цел развивање комуникациски вештини заради поголема транспарентност на јавнообвинителскиот систем и одржана експертска дебата, која имаше за цел да иницира дискусија за предизвиците со кои се соочува јавнообвинителскиот систем, како и потребата од евентуални измени во Законот за јавно обвинителство и Законот за Совет на јавни обвинители, со цел подобро и поефикасно функционирање на јавнообвинителските институции и запознавање и доближување на јавноста со нивниот делокруг на дејствување.

Горенаведените активности придонесоа кон детална и сеопфатна анализа на потребите од изготвување на овој документ за јавни политики, кој е структуриран во две главни тематски целини што се однесуваат на транспарентноста и отчетноста и посебно ефективноста на Советот на јавни обвинители. Воедно, документот дава заклучоци и препораки за подобрување на транспарентноста, отчетноста и ефективноста на Советот на јавни обвинители, кои, како насоки, можат да послужат и на сите институции во јавнообвинителскиот систем.

Документот е достапен на македонски и англиски јазик. 

project-img project-img