За заинтересираните кандидати, Институтот за човекови права ќе одржи информативна сесија на која ќе бидат претставени целите на проектот „Иницијатива за административна социјална правда“, условите за учество во грантовата шема, процесот на селекција, како и методологијата за спроведување на добиените грантови.
Линк за регистрација:
https://us02web.zoom.us/meeting/register/ZW3kaPBJTUaUTX3EpE4Hiw
Во рамките на овој повик ќе се доделат најмалку 3 мали грантови, со максимален износ од 4.000 евра по грант. Вкупниот износ на повикот изнесува до 12.000 евра.
Целта на овој повик е да се обезбеди поддршка за локални организации кои работат директно со маргинализирани и ранливи заедници, со цел унапредување на пристапот до социјална и административна правда, зајакнување на капацитетите на локалните ГО за обезбедување услуги, подобрување на информираноста и остварувањето на правата на граѓаните во постапките пред институциите.
Сите детали за повикот проследете ги преку информативната сесија.
Повикот можете да го најдете на овој линк: https://ihr.org.mk/mk/novosti/povik-za-predlog-proekti-vo-ramkite-na-proektot-inicijativa-za-administrativna-socijalna-pravda