Холандија, Швајцарија, Кипар, Делавер, Луксембург, Панама, Британски Девствени острови ова се дел од јурисдикциите со офшор карактеристики, каде се лоцирани најголем број на компании што се јаву ваат како (ко)сопственици на четиристотини фирми регистрирани во земјава. Уште пред две години, се донесоа законски измени според кои овие друштва мора да пријават физичко лице како краен сопственик во Регистар на вистински сопственици. Сепак, овој Региста р се уште не профункционирал, иако е важен за постапката на идентификација на вистинските сопственици што ја спроведуваат банките, адвокатите, нотарите, сметководителите, ревизорите...
Над 400 компании регистрирани во земјава се во целосна или делумна сопственост на други компании, чие седиште се наоѓа во странски држави коишто важат за специфични јурисдикции, или таканаречени офшор зони . Во рамки на истражувањето што го спроведовме, откривме 408 правни лица во македонскиот тргов ски регистар, чии сопственици всушност не се физички лица, туку други фирми лоцирани во вкупно 28 странски држави што се сметаат за офшор подрачја. Според податоците што ги обезбеди вме, најголем број од овие компании во земјава имаат сопственици од европс ки држави коишто нудат разни финансиски поволности, но, истовремено важат за претежно стабилни и доверливи финансиски системи. Воедно, меѓу нив се сретнуваат и безмалку сите даночни оази во Централна Америка и Атлантикот, кои нудат и највисок степен на дис креција и приватност околу сопственичната структура.
Целосните стории се достапни на лниковите подолу:
Истражувачката сторија на македонски е достапна тука.
Истражувачката сторија на албански е достапна тука.
Истражувачката сторија на англиски е достапна тука.