Жител на охридско село, на кого му биле одземени 4 метри квадратни земја за изградба на патот Кичево-Охрид, останал незадоволен од понудата на државата да му исплати по 550 денари за метар квадратен и побарал судот да ја утврди реалната цена. Бил ангажиран вештак, кој проценил дека имотот вреди по 20 евра, двојно повеќе од понуденото. Судот, по неколку одржани рочишта му определил 4.800 денари надомест, а досудил и трошоци во судската постапка од 30.000 денари, што е 8 пати повеќе од вредноста на спорот.
Овој предмет не е единствен каде што судските трошоци повеќекратно ја надминале вредноста на спорот, а со тоа, само за судски трошоци, адвокати, вештаци и жалби биле потрошени околу 5 милиони евра, или една третина од над 15 милиони евра, колку што вкупно исплатило ЈП за државни патишта во периодот 2014 - 2020 година, за одземеното земјиште за изграба на патот од Кичево кон Охрид, по судски решенија.
Државата, преку утврдување на вредноста на земјиштето од вештаци од државното Биро за судски вештачења, понудила суми од 30 до 100 денари за метар квадратен во кичевскиот дел, до околу 10 евра по квадрат, во охридскиот крај, кој е близу и до езерото.
За изградба на автопат А2 делница Кичево - Охрид, од 2014 година досега биле експроприрани 7.563.567,5 m2 земјиште, за изградба на траса, одлагалишта, клучки, пристапни патишта, како и проширување на косини. Останува да се експроприра земјиштето од дополнителните косини – одговори ЈП за дрржавни патишта на прашањето, колкаво земјиште било одземено за изграба на патот Кичево – Охрид, за потребите на ова истражување.
Целосните стории се достапни на лниковите подолу:
Истражувачката сторија на македонски е достапна тука.
Истражувачката сторија на албански е достапна тука.
Истражувачката сторија на англиски е достапна тука.