news-bg

Новости

Проект:
ЗАЕДНО ВО БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈА

ИСТРАЖУВАЧКА СТОРИЈА; Општините тонат во долгови - Тетово, Охрид и Карпош на врвот на листата

Автори: Анета Додевска и Ружица Фотиновска


ПН: Само 17% од општините можат да се пофалат со оценка „многу добар“ за транспарентност кон јавноста. Наспроти нив има и општини кои воопшто немаат функционален веб сајт кој се смета за “прозорец“ кон јавноста. Најголем проблем е буџетската транспарентност која подразбира увид на јавноста во трошење на парите на граѓаните по различни основи - од плати до јавни набавки, кои често се проблематизирани и во извештаите на ревизорите. Дел од општините кои се оценуваат како најнетранспарентни, во исто време се наоѓаат на должничка „листа“ како локални самоуправи кои не можат навреме да ги сервисираат обврските. 

Растат долговите на општините во земјава. Дури 70 од вкупно 80 општини во земјава пријавиле доспеани, а неплатени обврски по различни основи. Ова значи дека 87,5% од сите општини во земјава се соочуваат со финансиски проблеми за редовно сервисирање на обврските. Во третиот квартал од годинава доспеаните, а неплатени обврски на сите општини во земјава изнесуваа 63.892.100 евра. Споредбената анализа во однос на состојбата со вториот квартал покажува раст на неплатените обврски за 13 милиони евра. На најновата „должничка листа“ што ја објавува Министерството за финансии, заклучно со третиот квартал од 2020-та, во првите десет најголем должници се три општини, Тетово, Охрид и Карпош.


Целосните стории се достапни на лниковите подолу:

Истражувачката сторија на македонски е достапна тука.

Истражувачката сторија на албански е достапна тука.

Истражувачката сторија на англиски е достапна тука.