news-bg

Новости

Проект:
ПРИСТАП ДО ПРАВДА ЗА СИТЕ

ИЗВЕШТАЈ ЗА ПРИСТАП ДО ПРАВДА ЗА 2022 ГОДИНА

Пристапот до правда за сите, особено за најмаргинализираните, претставува важен предуслов за овозможување развој на едно демократско општество во кое човековите права се почитуваат и унапредуваат и во кое постои соодветно владеење на правото. Институтот за човекови права активно работи врз придонесот кон реформите во правосудството за обезбедување независен судски систем и полесен пристап до правда за сите граѓани, нуди бесплатна правна помош на граѓаните на кои им е најпотребна и активно работи на едукација за прашања поврзани со човековите права и со владеењето на правото. 

Извештајот за пристап до правда за 2022 година беше изготвен токму за таа цел и содржи податоци за бесплатната правна помош, собрани податоци од одржани фокус -групи со граѓани и граѓански организации за пристап до правда, особено до административната правда со која најчесто се соочуваат граѓаните, како и податоци од спроведена анкета на репрезентативен примерок во однос на перцепцијата на граѓаните за пристапот до правда.

Извештајот е достапен на македонски, албански и англиски јазик. 
project-img project-img project-img