news-bg

Новости

Проект:

Онлајн прослава на Денот на човековите права

2020 како година повторно ни го разбуди чувството за нашата човечност и ранливост, а колективните акции ги ставија во фокус човековите права и потребата од нивното унапредување, заштита и промоција.

Со цел да го прославиме Денот на човековите права оваа година, Институтот за човекови права од 15 до 17 декември 2020 година организира онлајн настани на платформата Zoom за проектите кои ги ставија во фокус човековите права.

Ве покануваме да бидете дел од еден или повеќе настани во зависност од Вашите можности, со цел споделување на искуства и развивање на конструктивна дискусија.


1.

Првиот настан е завршната конференција и тркалезна маса во рамки на проектот „Намалување на родовите стереотипи во образованието“ која ќе се одржи на 15.12.2020 година (вторник) од 11 часот преку платформата за онлајн видео конференција Zoom. Проектот е поддржан од Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (Sida), преку проектот Нордиска поддршка за напредок на Северна Македонија, имплементиран од Канцеларијата на ОН за проектни услуги (UNOPS).

СИТЕ МЕСТА СЕ ПОПОЛНЕТИ


2.

Вториот настан е конференција во рамки на проектот „Човекови права за сите“ која ќе се одржи на 16.12.2020 година (среда) од 11 часот преку платформата за онлајн видео конференција Zoom. Проектот е поддржан од Европска унија и Град Скопје.

Пријави се тука


Агендата е тука


3.

Третиот настан е завршната конференција во рамки на проектот „Сексуална ориентација и родов идентитет (СОРИ) - Заштита од дискриминација“ која ќе се одржи на 17.12.2020 година (четврток) од 11:30 часот часот преку платформата за онлајн видео конференција Zoom. Проектот е поддржан од Германската амбасада во Скопје.

Пријави се тука


Агендата е тука

За настанот е обезбеден и симултан превод на македонски, албански и англиски јазик.

Би сакале да Ве замолиме да го потврдите вашето присуство најдоцна до 14.12.2020 година (понеделник).

project-img