news-bg

Новости

Проект:

ОТВОРЕН ПОВИК ЗА ПРАКТИКАНТСТВО 2025

📢 Институтот за човекови права (ИЧП) објавува отворен повик за практикантство со времетраење од три месеци, почнувајќи од септември 2025 година. 📅

Практикантот/ката ќе биде вклучен/а во спроведувањето на активности поврзани со унапредување на човековите права и пристапот до правда за сите граѓани, со посебен фокус на ранливите и маргинализирани заедници. ⚖️ 

⚠️ ВАЖНА НАПОМЕНА: Ова практикантство е предвидено да се реализира преку мерката за практикантство на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија (АВРСМ). Надоместокот за практикант/ка се обезбедува преку оваа активна мерка, и за таа цел, ИЧП и избраниот кандидат/ка ќе поднесат заедничка апликација до АВРСМ.


ЗА ИЧП 


ℹ️ Институтот за човекови права (ИЧП) е здружение на граѓани основано во 2009 година, посветено на заштитата и унапредувањето на човековите права и владеењето на правото во Северна Македонија. Преку мониторинг, истражување и застапување, ИЧП се стреми да обезбеди подобар пристап до правда за граѓаните и да ја поттикне државата да ги почитува националните и меѓународните стандарди за човекови права.


ОПИС НА ПРАКТИКАНТСКАТА ПОЗИЦИЈА 

📝


Практикантот/ката ќе биде активно вклучен/а во реализација на тековните проекти на ИЧП. Главни активности во кои ќе биде вклучен/а практикантот/ката се:
1️⃣ поддршка при обезбедување бесплатна правна помош за лица со ниски приходи, жени, лица со попреченост, ЛГБТИ лица, Роми и други маргинализирани заедници
2️⃣ учество во организација на каравани за човекови права
3️⃣ креирање на кратки информативни материјали и инфографици
4️⃣ следење на јавни расправи и седници на Судскиот совет и Управниот суд
5️⃣ административна и логистичка поддршка поврзана со проектите на ИЧП


УСЛОВИ НА ПРАКТИКАНТСТВОТО 


⏳ Времетраење: 3 месеци, со почеток во септември 2025 година (точниот датум ќе биде утврден во договор со практикантот/ката)

⏱️ Работно време: 20 часа неделно

🏢 Локација: со физичко присуство во канцеларијата на ИЧП во Скопје (Бул. Партизански Одреди 23/1-5)

💸 Надомест: месечен бруто износ од 12.000 денари, преку мерка на АВРСМ (вклучува осигурување и данок)

👥 Менторство: практикантот/ката ќе работи под менторство на искусен член од тимот на ИЧП


КОЈ МОЖЕ ДА АПЛИЦИРА? 👤 


Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:
✅ Невработени млади лица до 29 години со интерес за човекови права, владеење на правото и пристап до правда
✅ Дипломирани или тековни студенти на додипломски* или магистерски студии од областа на правото или сродни општествени науки
✅ Основни познавања од областа на човековите права
✅ Основни истражувачки вештини
✅ Одлично познавање на македонски и солидно користење на англиски јазик
✅ Компјутерска писменост (особено Word, Excel, PowerPoint, Outlook)
✅ Критичко и аналитичко размислување
✅ Способност за тимска работа

*Доколку сте тековен студент на додипломски студии, потребно е да бидете во последната година од студирањето.

Како предност ќе се смета:
➡️ познавање на албански јазик
➡️ основно познавање на алатката Canva


КАКО ДА АПЛИЦИРАТЕ? 📩


Испратете кратка биографија (CV) и пополнет формулар за пријавување на marija.chekredji@ihr.org.mk со наслов: „Апликација за практикантство на [ИМЕ И ПРЕЗИМЕ]“

Формуларот за пријавување можете да го преземете тука ➡️ Formular za prijavuvanje_IHR_2025.docx

📆 Краен рок за аплицирање: 20 јули 2025 година

ℹ️ Доколку имате дополнителни прашања за практикантството или за процесот на аплицирање, слободно конктактирајте нè на marija.chekredji@ihr.org.mk или преку нашите социјални мрежи.

project-img