
Рацете на овие мајстори се сведоци на еден свет кој исчезнува, на занаети кои го преживеале времето и кои, со секој чекор на модернизацијата, полека заминуваат во заборав. Нивните прсти се изморени, кожата испукана, како да носат шепот на генерации и приказни што ги пренесуваат од старите времиња до денес. Со секое чукање на металот, со секое везење на ткаенината, тие оставаат дел од својата душа, дел од живот кој се топи како снага на залез. Во моите фотографии ја доловив тежината на нивниот труд, но и убавината што ја оставаат зад себе, на еден начин кој прободува и ги натера очите да се насолзат.

Фотографијава со наслов „Со „Тротоар“ на тротоарот“ е инспирирана од мојата љубов кон музиката како и минатото. Списанието „Тротоар“ е македонско музичко списание кое било издадено во деведесеттите години. Фотографијата исто така ја вклучува и позната куќа на Белеви во Струмица која е еден од многуте културни знаменитости на Струмица, а моделот е облечен во облека која потсетува на минатото. Со ова ја претставувам и културата на градот и културата на нашата држава како и мојата.

Frymëzimi im ishte të krijoi momente nga e kaluara duke perdorur mjedise tradicionale.
Мојата инспирација беше да создадам моменти од минатото користејќи традиционални средини.