news-bg

Новости

Проект:
МЛАДИНСКИ АКТИВИЗАМ ЗА ИНКЛУЗИВНО ОПШТЕСТВО

Покана за доставување понуди за набавка на услуги за консекутивен и писмен превод 3/2024

Институтот за човекови права (ИЧП), во рамките на проектот „Младински активизам за инклузивно општество“ во рамките на проектот „Поддршка од ЕУ за градење доверба на Западен Балкан“, финансиран од ЕУ и спроведуван од УНДП, има потреба од набавка на услуги за консекутивен превод на три јазици (македонски, албански и турски јазик) и писмен превод на четири јазици (македонски, албански, турски и ромски јазик), кои ќе бидат неопходни за успешно реализирање на проектните активности.

Подетален опис на услугите е даден во поканата и проектната задача:

Понудите се доставуваат по електронски пат, на следниов e-mail: marija.chekredji@ihr.org.mk.

Краен рок на доставување на понудите е до 14.4.2024 година.

Понудите што ќе пристигнат по наведениот рок, како и оние кои не се изработени според пропозициите на поканата, нема да бидат земени предвид. Секој понудувач може да учествува само со една понуда.

За сите дополнителни појаснувања може да се обратите на е-маил адреса marija.chekredji@ihr.org.mk најдоцна до 12.4.2024 година.