Институтот за човекови права (ИЧП), во рамките на проектот „Младите против врсничкото насилство“ (финансиран од Амбасадата на САД во Скопје) има потреба од ангажирање на фасилитатор (психолог) за водење на обуки и работилници, кој ќе бидат неопходни за успешно реализирање на проектните активности.
Подетален опис на услугите е даден во поканата и проектната задача.
Понудите се доставуваат по електронски пат, на следниов e-mail: vesna.stefanovska@ihr.org.mk
Краен рок на доставување на понудите е до 25.10.2024 година.
Понудите што ќе пристигнат по наведениот рок, како и оние кои не се изработени според пропозициите на повикот, нема да бидат земени предвид. Секој понудувач може да учествува само со една понуда.
За сите дополнителни појаснувања може да се обратите на е-маил адреса vesna.stefanovska@ihr.org.mk најдоцна до 22.10.2024 година.