news-bg

Новости

Проект:
ИНИЦИЈАТИВА ЗА АДМИНИСТРАТИВНА СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

ПОВИК ЗА ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ ВО РАМКИТЕ НА ПРОЕКТОТ „ИНИЦИЈАТИВА ЗА АДМИНИСТРАТИВНА СОЦИЈАЛНА ПРАВДА“

Институтот за човекови права, во рамките на проектот „Иницијатива за административна социјална правда“, финансиски поддржан од Европска унија во рамки на ИПА-ЕИДХР програмата за човекови права и демократија (EuropeAid/180645/DD/ACT/MK), објавува повик за доделување грантови за граѓански организации (ГО). Грантовите се доделуваат со цел унапредување на пристапот до социјална и административна правда за ранливи и маргинализирани групи на локално ниво.

Во рамките на овој повик ќе се доделат најмалку 3 мали грантови, со максимален износ од 4.000 евра по грант. Вкупниот износ на повикот изнесува до 12.000 евра. 

Целта на овој повик е да се обезбеди поддршка за граѓански организации кои работат директно со маргинализирани и ранливи заедници, со цел унапредување на пристапот до социјална и административна правда; зајакнување на капацитетите на локалните ГО за обезбедување услуги; подобрување на информираноста и остварувањето на правата на граѓаните во постапките пред институциите. На повикот особено се охрабруваат да се пријават помали локални организации надвор од Скопје.

Од заинтересираните ГО се очекува да поднесат проектни апликации со јасно дефинирани и иновативни акции насочени кон унапредување на социјалната и административната правда. Предложените активности треба да се однесуваат на една или повеќе од следните тематски области:

1. Пристап до правда

- обезбедување бесплатна правна помош и правно советување особено во област на социјални права;
- поддршка на граѓани во административни постапки;

2. Информирање и едукација

- активности за информирање на заедниците за нивните права;
- едукативни работилници и теренска работа со ранливи групи;

3. Застапување и јавно дејствување

- локални иницијативи за подобрување на административните услуги;
- активности за застапување и подигање на јавната свест;

4. Работа со маргинализирани групи

- активности насочени кон жени, лица со попреченост, Роми, социјално загрозени лица, жртви на дискриминација и други ранливи групи.

Спроведувањето на акциите треба да трае од 4 (четири) до 6 (шест) месеци. Проектите може да започнат најрано во април 2026 година, а мора да завршат најдоцна до октомври 2026 година.

Апликацијата се состои од:

  1. Прилог-1-Образец-за-пријавување.docx
  2. Прилог 2-Буџет.xlsx
  3. Тековна состојба од Централен регистар не постара од шест месеци
  4. Кратки биографии на клучниот персонал кој ќе биде вклучен во реализацијата на проектот

Обрасците треба да бидат пополнети електронски. Рачно пишувани апликации нема да бидат земени предвид.

Целосната апликација (Образецот за пријавување [Прилог 1], Образец за предлог – буџет [Прилог 2], тековна состојба од Централен регистар и кратки биографии на клучниот персонал кој ќе биде вклучен во реализацијата на проектот) треба да биде испратена по мејл на vesna.stefanovska@ihr.org.mk и marija.chekredji@ihr.org.mk.

Крајниот рок за аплицирање е 16 март 2026 година.

Сите апликации кои ќе пристигнат по истекувањето на рокот за пријавување нема да бидат земени предвид.

Сите прашања во врска со повикот треба да се испратат исклучиво преку е-пошта на: vesna.stefanovska@ihr.org.mk или marija.chekredji@ihr.org.mk, најдоцна до 9 март 2026 година.

Информативна сесија ќе се одржи на онлајн платформата ZOOM на 2 март 2026 година во 14:00 часот.


Подетални информации за Повикот за граѓански организации може да најдете во овој документ: Повик за доделување на грантови-ИЧП 2026.pdf

Одговор на прашања

project-img