Во триесеттиот број на „Правен дијалог“ има цела галерија текстови од најразлични области. Се обработуваат темите за рамнотежата меѓу истрагите на сајбер-криминалот и заштитата на човековите права, за правото на живот, како основно човеково право дефинирано во Уставот на РСМ, за судењето во разумен рок како процесен правен лек во контекст на Европската конвенција за човекови права и националното законодавство, се прави споредбена анализа и критичко-креативен осврт на извештајот на Оценската мисија на ЕУ за Судскиот совет, а се отвора и една чувствителна тема за дебата и размислување - дали треба да се размислува за инкриминирање на ново кривично дело: политички- организиран криминал?
Прочитајте го новото издание на овој линк > ПРАВЕН ДИЈАЛОГ БР. 30