Заштитата на животната средина е од суштинско значење за здравјето и опстанокот на луѓето и природата. Иако Република Северна Македонија е потписничка на бројни меѓународни договори за животна средина, имплементацијата на овие обврски е бавна и нецелосна. Проблемите со загадувањето, недоволниот институционален капацитет и слабата примена на законите ја загрозуваат ефективната заштита на ова човеково право.
Во новата анализа на Институтот за човекови права се укажува на потребата од уставна тужба, посебни судски одделенија за еколошко право и посилна улога на судската власт во примената на меѓународните стандарди.
Заштитата на животната средина мора да стане реална, а не декларативна – тоа е наша заедничка обврска.
📄 Прочитајте ја целата анализа тука 👉 [линк]