news-bg

Новости

Проект:

Протоколот број 15 за изменување на Конвенцијата за заштита на човековите права и основните слободи

Протоколот 15 кон Европската конвенција за човековите права (ЕКЧП) ќе стапи на сила на 1 август 2021 година откако Италија  го депонираше инструментот за ратификација. Со ова се исполнети прерогативите во однос на ратификација на протоколот од страна на сите Високи страни договорнички. Протоколот 15 кон ЕКЧП ги предвидува следниве измени:

  • Принципот на супсидијарност станува составен дел од Преамбулата на ЕКЧП.  Целта супсидијарноста е ефективна заштита на човековите права на национално ниво со примена на праксата на ЕСЧП, па дури потоа, при потфрлање на државата да обезбеди заштита на конвенциските права, се активира механизмот на заштита на ниво на Европскиот суд за човекови права.
  • Се дефинира старосната граница за избор на судија на ЕСЧП кој/а мора да има помалку од 65 години на денот на кој Паралементарното собрание на Советот на Европа ја побарал листата од три кандидати за судии (член 21 ЕКЧП)
  • Се брише ставот 2 од членот 23 од ЕКЧП според кој мандатот на судиите завршува со наполнети 70 години.
  • Се намалува рокот за поднесување на апликација до ЕСЧП од 6 на 4 месеци
  • Не постои можност за поднесување на приговор на пренесувањето на надлежноста на Големиот судски совет (член 30 ЕКЧП)
  • Се воспоставува поголема ефикасност на конвенцискиот систем од причина што во членот 35 ЕКЧП се брише делот според кој и под услов да не може да одбие случај врз основа на тоа што не бил соодветно разгледан од страна на судот во националната држава.

Во прилог е Протоколот 15 кон ЕКЧП Protocol No. 15 amending the Convention for the Protection of Human Rights and Fundamental Freedoms (CETS No. 213) (coe.int)

Подетално за принципот на супсидијарност, неговата досегашна примена како и рефлексиите кои ќе произлезат од стапувањето на сила на Протоколот 15 кон ЕКЧП ќе можете да прочитате во следното издание на Правен дијалог кое ќе излезе на крај од јуни 2021.