news-bg

Новости

Проект:
ИНИЦИЈАТИВА ЗА АДМИНИСТРАТИВНА СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

Прв состанок на Националното координативно тело за административна социјална правда

На 10 јуни 2025 година беше одржан првиот состанок на Националното координативно тело за административна социјална правда во кое членуваат претставници од 

  • Управниот суд; 
  • Вишиот Управен суд; 
  • Државната комисија за одлучување во управна постапка, постапка од работен однос и инспекциски надзор во втор степен; 
  • Министерство за социјална политика, демографија и млади; 
  • ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Скопје, Фонд за пензиско и инвалидско осигурување и 
  • претставници од правните клиники основани во рамките на правните факултети во државава.

На овој состанок беа разменети искуства и најдобри практики во областа на административната социјална правда, се дискутираше за предизвиците и можностите за подобрување на заштитата на социјалните права и членовите на НКТ дадоа препораки за унапредување на политиките и практиките во административните процедури.


-----------------------------------

Оваа активност е дел од проектот „Иницијатива за административна социјална правда“, финансиран од Европска унија во рамки на NDICI-THE-NEAR /2024/461-234 програмата за човекови права и демократија, а го спроведува Институтот за човекови права.  

project-img project-img project-img