Институтот за човекови права го поздравува ефективното позитивно разрешување на случајот поврзан со судијата на Врховниот суд на РСM и заменик-претседателот на Советот на јавни обвинители на РСМ, сметајќи дека ова е чекор напред во борбата против корупцијата во правосудството што треба да има позитивно влијае на досегашната негативна перцепцијата за независно и непристрасно судство и обвинителство.
Меѓутоа како невладина организација која долго време го следи правосудниот сектор сметаме дека прифаќањето на пониски казни за кривични дела против корупција од лица кои се на највисоки позиции на судската и јавнообвинителската власт дополнително ја поткопува перцепцијата на јавноста за еднаквост на правдата.
Во насока на целосно враќање на довербата на судство потребно е да се дадат дополнителни објаснувања за постапувањето на обвинителството и судот при изрекувањето на овие казни имајќи ги предвид моменталната состојба со довербата во правосудство, а пред се заради одредување на минимални и олеснителни казни за ваков тип на кривични дела, што не е во насока на обезбедување на ефикасна борба против корупцијата.