news-bg

Новости

Проект:
МЛАДИТЕ ПРОТИВ ГОВОР НА ОМРАЗА И ВРСНИЧКО НАСИЛСТВО

Спроведена обука со ученици и родители од ООУ „Гоце Делчев“ – Штип

На ден 27.11.2025 година беше одржана обука со ученици од осмо и деветто одделение од ООУ „Гоце Делчев“ во Штип на тема превенција, препознавање и санкционирање на говор на омраза и врсничкото насилство. Психологот преку интерактивна комуникација ги запозна учениците со различни ситуации поврзани со говор на омраза и врсничко насилство. Јавните обвинителки во своите излагања се осврнаа на правата, ги запознаа учениците со нивните одговорности, но и со казните предвидени согласно Законот за правда на децата доколку извршат дела поврзани со говор на омраза и врсничко насилство.

Истиот ден беше одржана работилница со родители, наставен и стручен кадар од училиштето на која се разви дискусија за мерките коишто треба да се преземат и како да се работи со децата со цел да се превенира говор на омраза и врсничко насилство и кој пристап да се избере. Дискусијата се осврна и на аспектите поврзани со креирање на средина на безбедно училиште и обврската за пријавување на случаи на врсничко насилство кои се случуваат во рамките на училиштето.


------------------------

Овој проект е финансиски поддржан од Советот на Европа преку проектот „Борба против омразата и нетолеранцијата“, дел од заедничката програма на ЕУ и Совет на Европа, „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција“.

project-img project-img project-img project-img project-img