На ден 11.3.2026 година во ООУ „Кочо Рацин“ Скопје беше одржана обука со ученици од осмо и деветто одделение на тема превенција, препознавање и санкционирање на говор на омраза и врсничко насилство.
Јавните обвинителки во своите излагања се осврнаа на правата, но и на обврските и одговорностите на децата согласно Законот за правда на децата, додека пак психологот посвети внимание на препознавањето на говорот на омраза и врсничкото насилство и нивното влијание врз менталното здравје.
Истиот ден беше одржана работилница со родители, наставен и стручен кадар, на која се разви дискусија за мерките коишто треба да се преземат и како да се работи со децата за да се превенира говорот на омраза и врсничкото насилство.
------------------------
Овој проект е финансиски поддржан од Советот на Европа преку проектот „Борба против омразата и нетолеранцијата“, дел од заедничката програма на ЕУ и Совет на Европа, „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција“.