На ден 21.11.2024 година беше одржана обука со ученици од прва година од СУГС „Арсени Јовков“ на тема превенција, препознавање и санкционирање на врсничкото насилство. Јавните обвинителки во своите излагања се осврнаа на правата, но и ги запознаа учениците со нивните одговорности, но и со казните предвидени согласно Законот за правда на децата доколку извршат врсничко насилство. Психологот преку интерактивна комуникација со учениците успеа да ги мотивира да споделат свои видувања за тоа што претставува врсничкото насилство, дали знаат да препознаат и каде можат да побараат помош, односно да пријават врсничко насилство. Особено нè радува фактот што учениците беа активни, мотивирани да разговараат за врсничкото насилство како реален проблем во училиштата, но и надвор од нив.
Истиот ден беше одржана работилница со родители, наставен и стручен кадар од училиштето на која се разви дискусија за мерките коишто треба да се преземат и како да се работи со децата со цел да се превенира врсничко насилство, кој пристап да се избере и како првенствено родителите да разговараат со своите деца на теми поврзани со превенирање и пријавување на врсничко насилство. Дискусијата се осврна и на аспектите поврзани со креирање на средина на безбедно училиште.
Овој проект е финансиски поддржан од Амбасадата на САД во Скопје и спроведуван во соработка со Основното јавно обвинителство Скопје.