Донатор: Европската Унија преку програмата Еразмус+
Времетраење: 1.10.2025 - 31.3.2027
Овој проект го спроведува Хекима (Словачка), во партнерство со Институтот за човекови права.
Општа цел: Да се оспособат младите луѓе, особено девојките, Ромската младина и младите од маргинализирани етнички заедници, со вештини, самодоверба и алатки за да станат носители на позитивни промени водени од вредности, способни да ги обликуваат своите заедници, да ги бранат човековите права и да промовираат демократија, еднаквост и социјална правда.
Специфични цели:
- Да се поттикне развојот на критични граѓански компетенции кај младите, вклучувајќи етичко донесување одлуки, колаборативно лидерство и способност за справување со општествени предизвици преку проекти за општествена промена, со што се зајакнува граѓанскиот ангажман и европските вредности.
- Да се поддржат девојките, особено оние од маргинализирани заедници, да ги откријат своите лични вредности, да изградат самодоверба и да развијат лидерски вештини за застапување на родова еднаквост, човекови права и инклузија, при што се охрабрува родовото помирување и се поттикнува колаборативно лидерство помеѓу младите жени и мажи.
- Да се развијат и пилотираат иновативни образовни алатки - дневник за создавање промени, друштвена игра „Патеки до создавање промени“ и серија граѓански предизвици.
- Да се зајакнат капацитетите на младинските работници и едукаторите за поттикнување граѓански компетенции, етичко лидерство и колаборативно создавање промени, преку научно засновани и партиципативни методи адаптирани и за формално и за неформално образование.
- Да се генерираат препораки за јавни политики водени од младите, врз основа на нивните искуства од процесите на создавање промени, со цел нивните решенија и увиди да влијаат врз идните политики за млади, родова еднаквост и инклузија на локално, национално и европско ниво.
Во рамките на проектот ќе се реализираат следниве активности:
- Развој на Дневник за создавање промени.
- Развој на друштвена игра „Патеки до создавање промени“.
- Обука за едукатори и младински работници (Оспособување на едукаторите за поттикнување на младите да се вклучат во процесите на создавање промени во Словачка и Северна Македонија).
- Директно вклучување на младите преку алатки за создавање промени во Словачка и Северна Македонија.
- Хакатон за создавање промени во Словачка и Северна Македонија.
- Серија граѓански предизвици во Словачка и Северна Македонија.