news-bg

Новости

Проект:
ЧОВЕКОВИ ПРАВА ЗА СИТЕ

СОСТОЈБАТА НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Пандемијата на коронавирусот КОВИД-19 предизвика глобална здравствена, економска и социјална криза, која ја затекна Република Северна Македонија (РСМ) во специфични услови на предизбори, распуштено Собрание и техничка Влада составена од дотогаш владеачката коалиција и опозицијата. Вонредната ситуација предизвикана од заканите од коронавирусот по јавното здравје и економијата, како и потребата од преземање итни мерки, беа причини техничката Влада да предложи прогласување на вонредна состојба во нашата земја. Имајќи ја предвид природата и сериозноста на ситуацијата, очигледно е дека преземените мерки неизбежно навлегоа во правата и слободите кои се интегрален и неопходен дел од демократското општество.

Овој извештај ја презентира состојбата на човековите права во Република Северна Македонија низ призмата на работата на Институтот за човекови права и има за цел да ги утврди клучните аспекти на (не)почитувањето на човековите права во нашата земја.

Оваа година Институтот за човекови права во рамките на своето делување реализираше бројни активности во насока на промовирање, унапредување и заштита на човековите права. Овие активности се подетално објаснети низ извештајот, така што документот претставува сеопфатен приказ на најгорливите проблеми при реализацијата на човековите права врз основа на наодите произлезени од работата на Институтот за човекови права. 

Извештајот е поделен на три главни делови. Првиот дел е посветен на спречувањето и заштитата од дискриминација. Во рамки на вториот дел сумирани се главните видувања на Институтот за човекови прав за човековите права во време на пандемија. Третото поглавје е посветено на програмата за примарна правна помош на Институтот за човекови права. Извештајот содржи и Анекс во кој е направен преглед на избрани меѓународни и домашни извештаи посветени на состојбата на човековите права во нашата земја со цел претставување на наодите на некои меѓународни и национални тела и обезбедување на поширока перспектива. 

Целосниот извештај на македонски е достапен тука.

Извештајот исто така е достапен на англиски и албански