projects-bg

Тековни проекти

Човекови права за сите

Донатор: Европска Унија

Времетраење на проектот: 48 месеци

 

Општа цел:

Промоција на човекови права и намалување на дискриминацијата кон маргинализираните и ранливи групи.

 

Поединечни цели

- Да се овозможи заштита од дискриминација на маргинализираните групи, преку нивно застапување пред Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, Граѓанските судови, како и пред Уставниот суд.

- Зголемување на свеста за дискриминацијата и препознавање на кршењето на човековите права

- Да се подигне свеста и да се создадат капацитети кои ќе го применуваат пристапот базиран на човекови права при подготвување на политики и останати програми.

- Залагање за соодветно законодавство и соодветни политики насочени кон заштита на човековите права и активно набљудување на имплементацијата на Европското законодавство кое се однесува на основните права и еднаквоста.

 

Целни групи:

Маргинализирани групи на граѓани

- Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

- Основите граѓански судови 

- Уставниот суд

- Креатори на политики

- Јавни институции и организации во бизнис секторот

- Граѓански организации 

 

Резултати од проектот:

- Поднесени иницијативи пред Уставниот суд

- Поведени постапки пред Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

- Креирана онлајн платформа

- Акумулирано информации за случаи на дискриминација на основа на сексуална ориентација, родов идентитет и попреченост.

- Реализирани состаноци со релевантни засегнати страни

- Изготвена методологија за имплементација на пристапот заснован на човекови права

- Тренинзи за организации, институции и бизниси за интеграција на пристапот заснован на човекови права при создавање на политики и програми

- Објавени промотивни материјали за информирање на јавноста во врска со дискриминацијата

 

Финални корисници:
Маргинализирани и ранливи групи на граѓани, јавни институции, бизнис сектор, здруженија на граѓани.

project-img
news-bg

Новости

post-img

Владеењето на правото и демократските начела во време на вонредна состојба

Пандемијата на коронавирус болеста КОВИД-19 предизвика глобална здравствена, економска и социјална криза, која ја затекна Република Северна Македонија (РСМ) во специфични услови на предизборие, распуштено Собрание и техничка Влада составена од дотогаш владеачката коалиција и опозицијата.

Вонредната ситуација предизвикана од заканите од коронавирусот по јавното здравје и економијата, како и потребата од преземање на итни мерки, беа причини техничката Влада да предложи прогласување на вонредна состојба во нашата земја.

Повеќе
post-img

Заштита на човековите права во вонредни услови

Повеќе
post-img

Развој на системи за итна медицинска помош: пристап заснован на човекови права

Итната медицинска помош е здравствена услуга којашто ги вкрстува традиционалните дисциплини фокусирани на болести и обезбедува брза интервенција за итни случаи специфични за одредени болести, вклучувајќи компликации поврзани со бременост, заразни и незаразни болести и повреди...

Повеќе
post-img

Бесплатна правна помош

Институтот за човекови права се залага за обезбедување, промовирање, унапредување и заштита на човековите права. За таа цел Институтот за човекови права се регистрираше за давање на примарна правна помош.

Повеќе