news-bg

Новости

Проект:
ЧОВЕКОВИ ПРАВА ЗА СИТЕ

Уставниот суд на РСМ донесе позитивна одлука по иницијативата од ИЧП

Денес Уставниот суд на Република Северна Македонија донесе позитивна одлука по ИНИЦИЈАТИВАТА ОД ИНСТИТУТОТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА (У.БР.289/2020), преку полномошник адвокат Игор Спировски, поднесена во 2020 година и оцени дека членот 44 став 2 од ЗАКОНОТ ЗА СОЦИЈАЛНАТА ЗАШТИТА во делот: „најдоцна до 65 годишна возраст“ ПРЕТСТАВУВА ДИСКРИМИНАЦИЈА ПО ОСНОВ НА ВОЗРАСТ.
Со ова се овозможува користењето на правото на паричен надоместок заради попреченост на еднаков основ на сите лица со попреченост без разлика на возраста.
НА 17 НОЕМВРИ 2021 ГОДИНА, УСТАВНИОТ СУД ДОНЕСЕ РЕШЕНИЕ (Решение У.бр.27/2020 и У.бр.289/2020) за поведување на постапка ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА на член 44 став 2 во делот: „најдоцна до 65-годишна возраст” од Законот за социјалната заштита, ВРЗ ОСНОВА НА АРГУМЕНТИТЕ ДАДЕНИ ВО ИНИЦИЈАТИВАТА НА ИНСТИТУТОТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА.  
Имено, со овој член ЗАКОНОТ ЗА СОЦИЈАЛНАТА ЗАШТИТА СОЗДАВАШЕ РАЗЛИКИ ПОМЕЃУ ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ ПО ОСНОВ НА ВОЗРАСТА, која предизвикува нееднакви можности од пристап до правата од сферата на социјалната заштита, конкретно правото на паричниот надоместок заради попреченост, а со тоа и нееднакви можности во поглед на користењето на самиот надоместок, независно од тоа што и едните и другите се наоѓале во иста ситуација на попреченост од член 44 став 2 од Законот. 

Соопштение по одржаната 38. седница на Уставниот суд, Реферат У.бр.27/2020 и 289/2020 - http://ustavensud.mk/?p=22998
Решение У.бр.27/2020 и У.бр.289/2020 - http://ustavensud.mk/?p=21447