Правата на лицата со попреченост се основни човекови права кои гарантираат еднаквост, достоинство и целосно вклучување во општеството.
Институтот за човекови права активно работи на следење на институциите и постапките пред Управниот суд од аспект на пристап до правда, придонесувајќи кон унапредување на правата и на лицата со и без попреченост во остварувањето на своите права пред државните органи.
Денес – но и секој ден да се залагаме за општество кое обезбедува недискриминација, пристапност во сите области на животот, право на независен живот и еднакви можности за образование и вработување – како загарантирани права, а не како чин на солидарност.