news-bg

Новости

Проект:
ЗАЕДНО ДО ПОКВАЛИТЕТНО ЛОКАЛНО НОВИНАРСТВО

Актуелна состојба, специфични развојни потреби и ранливост на локалните медиуми, со посебен осврт на западниот регион на Република Северна Македонија

Погледнете го извештајот изготвен од нашата партнерска организација Центар за развој на медиумите на заедниците „МЕДИУМ“ за актуелната состојба, специфичните развојни потреби и ранливостта на локалните медиуми, со посебен осврт на западниот регион на Република Северна Македонија.

Во овој ИЗВЕШТАЈ се детектирани проблемите, предизвиците и пречките во функционирањето на локалните/регионалните медиуми во контекст на забрзаниот техничко-технолошки развој, особено по појавата на интернетот.

Финансиските, кадровските и техничките проблеми ги оневозможуваат локалните медиуми да имаат одржлив развој, преку кој би ја исполниле нивната мисија за квалитетно и навремено информирање на јавноста за теми и настани од локален или регионален интерес.

Целиот извештај е достапен тука

Извештајот е изработен во рамки на проектот „Заедно за поквалитетно локално новинарство“ спроведуван од страна на Центарот за развој на медиумите на заедниците (МЕДИУМ) Гостивар, во партнерство со Институт за човекови права. Истиот е поддржан во рамките на Програмата ИПА 2020 ЕУ ЗА ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО – „Поддршка од ЕУ за зајакнување на правата на новинарите“ и e финансиран од Европската Комисија.

#ЕУсоТЕБЕ
#EUwithYOU

--------------------------------------

Situata aktuale, nevojat e veçanta zhvillimore dhe cenueshmëria e mediave lokale, me theks të veçantë rajoni perëndimor i Republikës së Maqedonisë së Veriut.

Në këtë RAPORT, problemet, sfidat dhe pengesat në funksionimin e mediave lokale/rajonale janë detektuar në kontekst zhvillimit të përshpejtuar tekniko-teknologjik, veçanërisht pas shfaqjes së internetit.

Problemet financiare, kuadrovike dhe teknike e bëjnë të pamundur që mediat lokale të kenë një zhvillim të qëndrueshëm, nëpërmjet të cilit do të përmbushnin misionin e tyre për informim cilësor dhe në kohë të publikut për tema dhe ngjarje me interes lokal apo rajonal.

Raporti i plotë gjendet këtu.

Përgatitja e këtij raporti është rezultat i projektit “Së bashku për gazetari më cilësore lokale”, implementuar nga Qendra për Zhvillimin e Mediave të Bashkësive (MEDIUM) Gostivar, në partneritet me Institutin për të Drejtat e Njeriut (IDNJ) Shkup. Mbështetet në kuadër të Programit IPA 2020 të BE-së për Sundimin e Ligjit – “Mbështetje nga BE-ja për forcimin e të drejtave të gazetarëve” dhe financohet nga Komisioni Evropian.

#BeMeTY
#EUwithYOU

project-img project-img project-img