news-bg

Новости

Проект:
ПРИСТАП ДО ПРАВДА ЗА СИТЕ

Фокус група со граѓани од подрачјето на Град Скопје на тема проблеми во остварување на пристапот до правда

На ден 15 јуни 2022 година, Институтот за човекови права одржа фокус група со граѓани од подрачјето на Град Скопје на која граѓаните споделуваа проблеми во остварување на пристапот до правда и реализација на нивните права. Целта на фокус групата беше насочена кон секојдневните административни процедури со кои се соочуваат најголем број граѓани, пристапот до суд и друг државен орган, но и довербата во правосудството и можноста за остварување на бесплатна правна помош. Најголем дел од граѓаните истакнаа дека се соочуваат со проблеми во остварување на социјалните права (права од пензиско и инвалидско осигурување, добивање на инвалидска и/или семејна пензија, додатоци и надоместоци по различни основи).

project-img