news-bg

Новости

Проект:
ПРИСТАП ДО ПРАВДА ЗА СИТЕ

Фокус група со граѓани од Полошкиот регион на тема проблеми во остварување на пристапот до правда

На ден 7 септември 2022 година, Институтот за човекови права одржа фокус група со граѓани од Полошкиот регион на која граѓаните споделуваа проблеми во остварување на пристапот до правда и реализација на нивните права. Целта на фокус групата беше насочена кон секојдневни административни постапки со кои се соочуваат најголем број на граѓани, достапноста и пристапноста на судовите, довербата во правосудниот систем како и бесплатната правна помош. Најголем дел од проблемите кои ги посочија граѓаните се однесуваа на остварување на правата на маргинализираните групи на граѓани, оневозможен институционален пристап и остварување на правата на лицата со попреченост и дискриминација на граѓаните по различни основи.

project-img project-img