news-bg

Новости

Проект:
ПРИСТАП ДО ПРАВДА ЗА СИТЕ

ФОКУС ГРУПА СО ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ НА ТЕМА ПРОБЛЕМИ ВО ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРИСТАПОТ ДО ПРАВДА

На ден 23 ноември 2022 година, Институтот за човекови права одржа фокус група со граѓански организации на која претставници на ГО споделуваа искуства за проблемите со кои најчесто се соочуваат граѓаните при остварување на своите права во административни постапки. Целта на фокус групата беше насочена кон секојдневни административни постапки со кои се соочуваат најголем број на граѓани, пристапот до суд и друг државен орган, но и довербата во правосудството и можноста за остварување на бесплатна правна помош. Најголем дел од проблемите кои ги посочија претставниците од ГО се однесуваа на непрепознавање на  видовите на криминални дејствија од страна на институциите, недоволна комуникација помеѓу надлежните институции, контрадикторни одговори и решенија од страна на институциите, и недоволна стручност и компетентност на органите кои треба да ги спроведуваат законите. Се идентификуваше и потреба од систем на санкции и едукација за лицата кои се одговорни за спроведување на законите и за заштита на ранливите и маргинализираните групи на граѓани.

project-img